Спој на вино боја и дрво: Модерен стан кој зрачи со топлина (фото)

Ви ги отвoраме вратите од еден гостопримлив дом, каде богатите тонови и раскошните текстури се синоним за убаво поминати мигови.

spoj-na-vino-boja-i-drvo-moderen-stan-koj-zrachi-so-toplina-foto-1.jpg

Кога говориме за комфорни и топли ентериери, ретко кој стан го добива таквиот опис, доколку во поголемиот дел од внатрешноста нема елементи од дрво, раскошни ткаенини како сомот или кадифе, но и совршено избрани нијанси. Севкупно, тие се најзаслужни за посебната атмосфера, којашто повеќето луѓе ја посакуваат во своите домови.

Таков пример е и станот кој ви го прикажуваме во продолжение. Лоциран е во Киев, Украина, а идејното решение е на архитектката Alesya Kasianenko. Стилизиран е богато и комфорно, со раскошни текстури, но и деликатна комбинација на загасити црвени и сиви тонови во дизајнот. Шемата на бои создава драматична атмосфера, а на просторот му дава луксузен ефект.

Во дневниот престој, вниманието го привлекува впечатливиот акцентиран ѕид, чија површина внесува дополнителна текстура во ентериерот. Kујната и спалната соба се во контраст со остатокот од станот, па за разлика од дневната соба и трпезаријата, тие во целост се уредени со мебел во бела боја.

Рустичните допири, како што се плетените лустери во трпезаријата, или, пак, целиот ѕид покрај трпезариската маса, кој е прекриен со делови од дрвени трупчиња - претставуваат противтежа на модерните елементи, правејќи го станот уште попривлечен.

А, спалната соба е посебна приказна. Таа воодушевува со нејзиното уредување, кое изгледа нежно и снежно, благодарение на деталите, како што се матираното стакло, геометриските висечки фотелји, или, пак, креветот кој се вовлекува во белата подна платформа. Вистински рај за сонувачите, зар не?

Ѕирнете низ собите на овој прекрасен дом и почувствувавајте ја неговата чудесно пријатна енергија:

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...

Најчитани неделава