10 прекрасно уредени соби од 10 различни земји во светот

Кога станува збор за внатрешното уредување на домовите, секоја земја има некој посебен белег по кој се издвојува од другите.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot-01.jpg

Јапонија, на пример, е следбеник на чистите линии, уредните простори и минимализмот. Во Шпанија и Мексико колку повеќе бои ќе внесете во домот–толку подобро.

Французите секогаш додаваат мала доза на рустичност во просторот, а како изгледаат останатите домови во светот?

Погледнете ги овие 10 прекрасно уредени соби и послужете се со инспирација за вашето следно уредување на домот:

Јапонија

Кога станува збор за чист елегантен минимализам, никој не го прави тоа подобро од Јапонците. Преферираат природни материјали како во случајов дрво, за креирање на кохезивни удобни простории.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (1).jpg

Израел

Овој модерен апартман во Тел Авив во себе го носи влијанието на училиштето за архитектура и декоративна уметност Баухаус кое функционирало во Германија од 1919 до 1933 година. Баухаус претставувало појава на нешто сосема ново, а денес се смета за посебен архитектонски стил на уредување.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (2).jpg

Австралија

Големи прозорци од под до плафон, многу светлина, живописни бои. Овој простор е типичен пример за сè што има Австралија да понуди во поглед на ентериерот.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (3).jpg

Шведска

Оваа прекрасно избалансирана кујна/трпезарија во Шведска со терацо остров кој ја врши поделбата потврдува дека не треба да имате многу парчиња мебел во домот, сè додека истите се впечатливи и квалитетни.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (4).jpg

Јужна Африка

Во Јужна Африка сè повеќе се чувствува влијанието на индустрискиот стил на уредување, а овој апартман со невообичаен камин на средината на собата го потврдува тоа.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (5).jpg

Мексико

Домот на мексиканскиот скулптор Педро Рејес и модната дизајнерка Карла Фернандез е еден вид уметничко дело со библиотека за која сите сонуваме.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (6).jpg

Белорусија

Ова е всушност канцелариски простор, но иако не станува збор за простор за домување, сепак сопствениците сметале дека е важно да се внесе живот и боја во местото, со смела и уметничка естетика својствена за регионот во кој живеат.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (7).jpg

Франција

Провансалскиот дом е сè освен едноставен. Прекрасниот современ ентериер е дополнет со рустичен контраст од природни материјали.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (8).jpg

Шпанија

Многу боја, зеленило и мек заоблен мебел доминираат во шпанските домови за едно пријатно лежерно чувство каде што паузата е задолжителен дел од вашиот ден.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (9).jpg

Португалија

Португалците умеат да направат одличен баланс создавајќи урбана оаза за одмор со микс од модернистички мебел додавајќи неутрални бои и материјали.

10-prekrasno-uredeni-sobi-od-10-zemji-vo-svetot (10).jpg

Која соба е вашиот фаворит?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во домот на Невенка и Гаврило во Штип: Дуплекс од 156m2, со ограда од ковано железо во дневната и му... „Во салонот централно место зазема пијаното, а над него во застаклена витрина е ...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...

Најчитани неделава