Модерно и младешки: Супер станче за двојка со мало дете (фото)

Едноставност, комфор и функционалност се трите придавки кои најдобро го опишуваат ентериерот на овој прекрасен дом.

moderno-i-mladeshki-super-stanche-za-dvojka-so-malo-dete-foto-1.png

Животниот амбиент во голема мера се одразува на здравјето и психичката состојба на луѓето. Затоа е од особена важност да се создаде хармоничен ентериер, кој ќе зрачи со пријатна атмосфера.

Токму тоа била желбата на брачната двојка со мало дете, во чија сопственост е домот што ви го прикажуваме. Станува збор за нов трособен стан со типичен распоред, каде сѐ е подредено на желбите на младото семејство.

moderno-i-mladeshki-super-stanche-za-dvojka-so-malo-dete-foto-2.jpg

Кујната и дневната соба се поврзани со ходникот, поради што светлината непречено циркулира низ ентериерот.

Спалната соба, пак, располага и со мини гардеробер во кој може да се чекори. Површина за складирање е обезбедена и во коридорот што ги поврзува собите.

moderno-i-mladeshki-super-stanche-za-dvojka-so-malo-dete-foto-3.jpg

Дизајнот е минималистички. Шемата на бои е мека и неутрална, а акцентот е ставен на текстилот и зеленилото.

Притоа, светлите ѕидови максимално го истакнуваат декорот во скандинавски стил, оставајќи простор и за креативноста на станарите.

moderno-i-mladeshki-super-stanche-za-dvojka-so-malo-dete-foto-4.jpg

Посебно ни се допаѓа примената на бела цигла, топлите дрвени елементи и колоритните плочки. Резултатот е извонреден. Урбано, стилски и без претерувања – баш по мера за убаво расположение.

Впрочем, погледнете ги фотките во продолжение, па пресудете сами:

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Во новогодишниот дом на Росана: Стан во Црниче, во скандинавски стил - без килими и со многу прозорц... „Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшт...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Александра и Стефан: Модерен стан во Скопје е како сцена од новогодишна бајка (фото) „Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празни...

Најчитани неделава