Љубов во 35 метри квадратни: Стилска гарсониера за млада двојка (фото)

Со неутралната палета на бои, како и примената на стакло во дизајнот, просторот делува компактно и максимално пријатно за престој. Наспроти малата површина, изненадува со големите идеи што ги содржи во ентериерот.

ljubov-vo-35-metri-kvadratni-stilska-garsoniera-za-mlada-romantichna-dvojka-foto-1.png

Иако има само 35 метри квадратни, овој мини стан е опремен со сите елементи што ги содржат и далеку попространите домови. Сепак, воопшто не делува натрупано. Напротив.

Амбиентот е убав и функционален, со доволно место за седење и дружење. Преуреден е согласно желбите на младиот пар што живее во него.

ljubov-vo-35-metri-kvadratni-stilska-garsoniera-za-mlada-romantichna-dvojka-foto-2.jpg

Станарите водат активен социјален живот, па често ги посетуваат пријателите. Главна карактеристика на гарсониерата е неутралната палета на бои, како и стаклените прегради, кои суптилно ги издвојуваат дневната и ноќната зона. 

Стаклото е одличен материјал, бидејќи дозволува природната светлина непречено да циркулира, па и самиот ентериер изгледа воздушесто.

ljubov-vo-35-metri-kvadratni-stilska-garsoniera-za-mlada-romantichna-dvojka-foto-3.jpg

Што се однесува до складиштата, овде во целост е искористен често занемарениот вертикален простор. Високо сместените полици и фиоки им овозможуваат на сопствениците доволно површини за складирање на неопходните предмети.

Сѐ е скоцкано и паметно осмислено – баш по мерка за живот на љубовна двојка.

ljubov-vo-35-metri-kvadratni-stilska-garsoniera-za-mlada-romantichna-dvojka-foto-4.jpg

Од фотките во продолжение, ѕирнете како изгледа оваа мала стилска гарсониера, испирирајќи се од прекрасните идеи што ги нуди:

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...

Најчитани неделава