Во боите на морето и небото: Стан каде летото трае 365 дена во годината (фото)

Иако започна календарски, се чини како топлото годишно доба и понатаму да ја одминува нашата земја. Доколку сте носталгични по плажа и сонце, тогаш овој прекрасен дом дефинитивно ќе ве воодушеви.

vo-boite-na-moreto-i-neboto-stan-kade-letoto-trae-365-dena-vo-godinata-foto-1.png

Комбинацијата од сини нијанси и дезени, бели ѕидови и светли подови, плус некоја мирислива и свежа билка, претставува совршен избор на ентериер за сончевите денови. Едноставно ја обожаваме, бидејќи во просторот создава вистинска морска, воздушеста и опуштена атмосфера.

vo-boite-na-moreto-i-neboto-stan-kade-letoto-trae-365-dena-vo-godinata-foto-2.jpg

Еден таков е и станот што ви го прикажуваме денес, а инспириран е од нијансите на небото и морето. Дневниот престој е поврзан со трпезаријата, а го красат мноштво сини и бели детали, како и принтови. Големата стаклена врата кон терасата, пак, овозможува природната светлина непречено да циркулира.

vo-boite-na-moreto-i-neboto-stan-kade-letoto-trae-365-dena-vo-godinata-foto-3.jpg

Кујнските елементи се во рустичен стил, а со изборот на плочките се акцентира медитеранското чувство во амбиентот. И во трпезаријата е задржена истата палета на бои, надополнета со белата мермерна маса. Во станот има уште две соби – спална соба со брачен кревет и детска соба.

vo-boite-na-moreto-i-neboto-stan-kade-letoto-trae-365-dena-vo-godinata-foto-4.jpg

Во првата посебно внимание привлекуваат тапетите на ѕидот зад креветот. Детската соба е пространа. Сместени се два француски кревета на кат, а средишниот дел е осмислен за работа и игра.

vo-boite-na-moreto-i-neboto-stan-kade-letoto-trae-365-dena-vo-godinata-foto-5.jpg

Прекрасно, зар не? Ѕирнете ги сите фотки од станот каде летото трае 365 дена во годината:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
Во дворот од 200m2 на Бранко во Вевчани: „Мајка ми се грижи за садниците, сама прави вазни од цемент... „Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се гри...

Најчитани неделава