Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Spizzicotto блесна во нов модерен дизајн!

Едно од најпопулараните места за брза храна,  инспириранo од италијански рецепти,  во срцето на ГТЦ Скопје, Spizzicotto доби нов модерен изглед.

spizzicotto-blesna-vo-nov-dizajn-04.jpg

Изгледот на местото е збогатен со урбани дизајни од дрво кое дава топлина и создава пријатна атмосфера.

Реновирана е фасадата на објектот како и просторот за седење кој e трансформиран во место за уживање. Изведбата на дрвените елементи е направена од страна на Гео-Инг, специјализирано производно претпријатие кое се занимава со обработка на дрво и дрвени конструкции, додека проектот и дизајнот се дело на СКАМ Студио, архитектонско биро од Скопје.

spizzicotto-blesna-vo-nov-dizajn-01.jpg

Дрвото дава топлина и претставува материјал кој го збогатува секој простор, а истовремено има и големи функционални вредности, не држи влага, стабилно е како материјал, лесно се одржува, дава одлична акустика. Во дизајнот кој го направивме за Spizzicotto, одлично се вклопи, овозможувајќи целиот простор да има една пријатна, современа бистро атмосфера, во која луѓето кои ќе престојуваат пријатно ќе се чувствуваат”, смета Александра Младеновиќ од СКАМ Студио.

Употребено е масивно суво дрво (елка, смрека), кое е совршено за надворешно обложување, поради природната отпорност на сите временски услови и својот извонредно декоративен изглед,  а е лесно за одржување.

Уреден е и целиот простор околу Spizzicotto. Поставени се дрвени перголи, метални жардиниери со дрвени облоги во кои се насадени декоративни садници кои го разубавуваат целиот простор. Дефинитивно граѓаните, добија место каде можат покрај тоа да купат квалитетни производи, истовремено и да уживаат во уредениот простор.

spizzicotto-blesna-vo-nov-dizajn-03.jpg

Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен и доколку дрвото правилно се одржува, има многу долг животен век. Се карактеризира со висока густина, одлични јакосни својства, отпорност на влага, лесно се одржува и има голема стабилност, што е причина во последно време се почесто да се користи во различни фази и сегменти во градежништвото. А токму неговата голема естетска вредност е причина да се користи како дел од фасади, за надворешни дрвени подови, дрвени надстрешници и перголи, дрвени гарнитури во дворот, за ентериери’’ смета Ана Савева проектант од компанијата Гео-Инг, кои работат со германска технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите.

Изработуваат монтажни дрвени објекти, дрвени фасади, перголи, настрешници, огради, дрвени подови, детски игралишта, мебел за во градина и се друго што може да се направи од дрво. http://www.geo-ing.com/.

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај Вера: Стан од 100m2 во центарот на Скопје, со мебел од резбано дрво (фото) „Дневната соба е омиленото место на целото семејство. Главниот фокус е кожeната ...
На гости кај Никица и Дамјан: Стан на Македонци во Хановер во кој сопствениците сè направиле сами (ф... „Освен за ламинатот, немавме ниеден мајстор и сè направивме сами. Искрено, беше ...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg