За млада жена со вкус: Мини стан со трендовски детали (фото)

Што може да се постигне во скромни 35 метри квадратни? Со добар план и стилски идеи, вистинско чудо е одговорот.

za-mlada-zhena-so-vkus-mini-stan-so-trendovski-detali-foto-1.png

Дизајнот на овој мал, но исклучително функционален дом го потпишува рускиот дизајнер Олег Минц. Младата станарка посакувала катче по сопствен вкус, богато со различни бои и други интересни финеси, коишто ќе ја разбиваат монотонијата на просторот. И навистина е така - целиот дише со стил и позитивна енергија.

za-mlada-zhena-so-vkus-mini-stan-so-trendovski-detali-foto-2.jpg

Распоредот се состои од тесен ходник, дневна соба со поврзана кујна, потоа бања, како и посебна спална соба. Одлично пакување, со оглед на лимитираната површина на објектот. Креветот и вградениот плакар се одвоени од дневниот престој со бела непроѕирна завеса. 

za-mlada-zhena-so-vkus-mini-stan-so-trendovski-detali-foto-3.jpg

Голем плус на зоната за спиење е надворешниот отвор кон ентериерот, што овозможува проток на природната светлина и амбиентот го прави повоздушест. Модерната бања е уредена со интересна комбинација на бела и кафеава боја, додека висината над машината за перење е практично искористена за складирање на облеката.

za-mlada-zhena-so-vkus-mini-stan-so-trendovski-detali-foto-4.jpg

Ни се допаѓа и кул табуретката, нели? Кога сме кај декорациите, станчето е навистина полно со трендовски детали, црпејќи идеи од актуелните тенденции на Инстаграм и Пинтерест. Тие се всушност и најзаслужни за неговиот неодолив шарм.

Прошетајте низ собите на ова инспиративно мини станче за млада жена со вкус:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...

Најчитани неделава