Во домот на Ивана: Стилски дом на Македонка во Германија обоен во розово (фото)

Во нејзиниот стан доминираат розовата, белата и сивата боја и има впечатливи детали од типот на реставрираната фотелја, стара можеби 100 години.

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-01.jpg

Ивана (34) веќе 6 години живее и работи во Германија. Таа има студирано во Бугарија, а таму завршила и курс за дизајн и рачна изработка на накит.

Потоа, во Македонија имала ателје за изработка на накит, па не е ниту чудно што е толку креативна во уредувањето на својот дом.

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-03.jpeg

„Во Германија работам канцелариска работа, која не е многу креативна, туку повеќе организациска, па затоа дома ја ослободувам својата креативност.

Инспирација за уредување на ентериерот црпам од секојдневието, природата, а и Пинтерест (но, само за инспирација, не за копирање).

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-04.jpeg

Го сакам модерниот мебел и стил, но имам и стари парчиња мебел, како што е на пример фотелјата, којашто е стара скоро 100 години. Но, со малку боја и фантазија доби нов изглед.

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-08.jpeg

Боите коишто доминираат во мојот стан се бела, сива и розова.

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-06.jpeg

Обожавам цвеќе, мирисливи свеќи, рамки и слики и тие се присутни во секоја соба од мојот стан. Многу често деталите ги изработувам и сама и тие парчиња ми се посебно драги.

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-07.jpeg

Деталите често ги менувам, во зависност од периодот на годината.

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-05.jpeg

Омилено катче летно време ми е балконот, имам многу цвеќе и грижата за него ми е некој вид бегство од секојдневието.

Зимно време, особено во празничниот период со елка и многу сијалички, најмногу време сакам да поминувам во дневната соба.

vo-domot-na-ivana-stilski-dom-na-makedonka-vo-germanija-oboen-vo-rozovo-foto-02.jpg

Уредувањето на ентериерот за мене е од големо значење и ми претставува огромно задоволство“, вели Ивана за CRNOBELO.com.

Во стилскиот дом на Ивана:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
Совршено уреден стан во скандинавски стил на девојка од Полска (фото) Комбинацијата на бела боја и дрво е вистински погодок во топлиот стан на Емилија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg