Дом што зрачи со смиреност: На гости кај Магдалена Костовска од Скопје (фото)

Доминација на белата боја, многу цвеќе и давање „нов живот“ на стари парчиња мебел, како што е дрвената клацкалка стара 50 години... Во домот на една 30-годишна креативна скопјанка.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-01.jpg

Магдалена Костовска (30) е дипломиран преведувач, но и вљубеник во уредување на ентериерот, па токму затоа нејзиниот стан во Скопје изгледа како една хармонична целина во која е задоволство да ги минуваш деновите.

Со неа проговоривме на тема од каде идејата за уредувањето на просторот:

„Желбата за уредување на домот кај мене постои уште од мали нозе. Отсекогаш сум сакала дома да ми биде убаво, средено, пријатно, редовно да местам и да прередувам, да купувам разни ситници и отсекогаш ме фасцинирале стилски уредени домови.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-05.jpg

Сметам дека домот треба да биде одраз на луѓето кои живеат во него. Каква енергија носат во себе, таква енергија пренесуваат и на предметите околу нив. Многу ми е важно да биде пријатно, топло, прозрачно и смирено.

Воопшто не мислам дека стилот може да се купи со пари и дека ако изнакупите скапи, луксузни парчиња значи дека имате стил. Многу предмети во мојот дом сме си ги направиле сами, или пак сме им дале „нов живот“ на стари парчиња мебел, како на пример дрвената клацкалка која е стара повеќе од  50 години, а припаѓала на бабата и дедото на мојот сопруг. Тоа е воедно и едно од моите омилени парчиња дома.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-04.jpg

Сакам сè што е во нашето опкружување да има некое значење за нас. Затоа и немаме премногу натрупани ситници само колку да се пополни просторот. Други омилени детали ми се книги, свеќи, вазни (секогаш со свежо цвеќе), перничиња, како и уникатни рачни изработки на македонски уметници кои секогаш ја имаат мојата поддршка.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-07.jpg

Да не ги заборавам и моите омилени шолји за кафе и чај. Колекцијата се зголемува речиси секој месец, иако оваа моја опсесија не му оди баш во прилог на мојот брак.

dom-shto-zrachi-so-smirenost-na-gosti-kaj-magdalena-kostovska-od-skopje-foto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
На гости кај Жиле и Рос: Винтиџ стан во Скопје со грамофон, флипер, детали од бувљак и уметнички дел... „Нашиот дом е мешавина од неколку стилови, винтиџ, бохо и индустриски ...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...

Најчитани неделава