На гости кај Драгана Ѓорѓиевска: Совршено уреден стан во Гостивар (фото)

Дел од моите идеи понекогаш ги црпам од безбројните креативни профили на Инстаграм. Се случува мојот сопруг понекогаш да ми донесе од работа (откуп на секундарни суровини) некој многу стар предмет кој на прв поглед се чини дека го прегазило времето, па од тоа јас да креирам нешто ново со свој уникатен дух.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-05.jpg

Не можете да ја потрошите креативноста. Колку повеќе ја користите, толку повеќе ја имате.

Најбитното нешто за среќа во домот е да се чувствувате добро кога го напуштате, а уште подобро кога се враќате назад. Велат дека домот е огледало на душата.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-06.jpg

Поентата не е да имитираме одреден стил, туку сами да создаваме атмосфера во својот дом. Без разлика колку долго живееме на одредено место, сите ние имаме потреба од мали промени.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-07.jpg

Понекогаш е доволно само да ги разместиме истите предмети и да добиеме нешто што ќе ни се допадне. Јас често го правам ова и многу ме исполнува.

Често пати добивам прашања од моите пријатели како успевам во сето ова и покрај многубројните секојдневни обврски, а и со оглед дека дома имам двајца мали палавковци. Мојот одговор на ова е дека јас баш уживам во тоа. Мене тоа ме исполнува.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-08.jpg

Мој совет е да не се плашите да направите ново. Пуштете ја својата имагинација и извлечете максимум од просторот во кој живеете.

Уште фотографии од домот на Драгана:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Драгана и Михаил: Есенски декориран стан во Скопје, каде мебелот е изработен од Михаил ... „Домот ми е исклучително важен, бидејќи најголемиот дел од времето го поминувам ...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...

Најчитани неделава