На гости кај Андреја Коцева: Стан во Скопје во кој фокусот е на жолтите детали (фото)

„Во секоја просторија е поставен по некој детаљ во жолта и темно сина боја со цел да се разигра амбиентот и да се избегне монохроматски впечаток“, вели 29-годишната Андреја за уредувањето на нејзиниот дом.

na-gosti-kaj-andreja-koceva-stan-vo-skopje-vo-koj-fokusot-e-na-zholtite-detali-foto-01.jpg

Андреја Коцева има 29 години, живее и работи во Скопје. По професија е медицинска сестра во училиште за деца со оштетен вид.

Во нејзиниот дом фокусот е на жолтите детали.

Таа за CRNOBELO.com открива од каде идејата за уредувањето:

„Идејата за уредување на домот ја црпев од скандинавските профили на Инстаграм и Пинтерест.

na-gosti-kaj-andreja-koceva-stan-vo-skopje-vo-koj-fokusot-e-na-zholtite-detali-foto-10.jpg

Често знам да преуредувам во домот и тоа ме прави среќна и се чувствувам убаво и исполнето.

na-gosti-kaj-andreja-koceva-stan-vo-skopje-vo-koj-fokusot-e-na-zholtite-detali-foto-06.jpg

Кога станува збор за уредувањето на домот сакам да биде уреден по вкус и идеи заедно со сите членови на семејството. Домот треба да нè претставува нас.

na-gosti-kaj-andreja-koceva-stan-vo-skopje-vo-koj-fokusot-e-na-zholtite-detali-foto-11.jpg

Обожавам да избирам парчиња мебел, детали, украси, да бирам бои итн.

na-gosti-kaj-andreja-koceva-stan-vo-skopje-vo-koj-fokusot-e-na-zholtite-detali-foto-15.jpg

Станува збор за нетипичен скандинавски стил на уредување. Големо внимание е посветено и на сите украси што има значајна функција во создавањето на домашниот амбиент, а домашната библиотека која е пред скриената врата е уште еден сегмент што го надополнува впечатокот.

na-gosti-kaj-andreja-koceva-stan-vo-skopje-vo-koj-fokusot-e-na-zholtite-detali-foto-14.jpg

Просторот е отворен и светол благодарение на големите прозорци и високиот плафон.

na-gosti-kaj-andreja-koceva-stan-vo-skopje-vo-koj-fokusot-e-na-zholtite-detali-foto-13.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg