На гости кај Елена Алач: Стан во Охрид со светли бои и „направи сам“ проекти (фото)

„Ги обожавам моите „направи сам“ проекти кои многу често спонтано настануваат од едноставни материјали кои ги имам дома, а омилени ми се letterboard-таблата и dream catcher-ите во спална“, вели 29-годишната Елена Алач.

na-gosti-kaj-elena-alach-stan-vo-ohrid-so-svetli-boi-i-napravi-sam-proekti-foto-01.jpg

Елена Алач, 29 години по професија магистер по фармација и моментално e на специјализација по медицинска биохемија на Медицинскиот факултет во Скопје.

Нејзиниот дом во кој доминираат светлите тонови и „направи сам“ проектите се наоѓа во Охрид. Таа живее со сопругот, а пред две седмици се реализираше во улогата на мајка, ја доби малата Зарина, па така нивниот дом сега е побогат за уште еден член.

За уредувањето на домот Елена проговори за CRNOBELO.com:

„Од самиот почеток на уредувањето на станот, идејата беше светол ентериер со едноставен мебел во неутрални бои, како што е скандинавскиот стил на уредување.

na-gosti-kaj-elena-alach-stan-vo-ohrid-so-svetli-boi-i-napravi-sam-proekti-foto-03.jpg

Го избравме ваквиот стил бидејќи дозволува „играње“ со останатите детали, украсите кои му даваат личен печат и живот на просторот, односно го прават просторот-дом.

na-gosti-kaj-elena-alach-stan-vo-ohrid-so-svetli-boi-i-napravi-sam-proekti-foto-14.jpg

Зависник сум од промени, без разлика дали тоа ќе биде промена на навлаките за перници на гарнитурата, сликите на ѕидовите или украсите на полиците, или пак некои поголеми промени (кои сѐ уште не дошле на ред со оглед на тоа дека во станот живееме 2 години), секоја една промена ми буди убави чувства.

na-gosti-kaj-elena-alach-stan-vo-ohrid-so-svetli-boi-i-napravi-sam-proekti-foto-11.jpg

na-gosti-kaj-elena-alach-stan-vo-ohrid-so-svetli-boi-i-napravi-sam-proekti-foto-01.jpg

Едно од моите хобија е сликањето и многу често знам слободното време да го искористам за нешто да насликам и тоа да заврши во рамка. Имам многу цртежи и постојано ги менувам.

na-gosti-kaj-elena-alach-stan-vo-ohrid-so-svetli-boi-i-napravi-sam-proekti-foto-10.jpg

Исто така, ме исполнуваат моите „направи сам“ проекти кои многу често спонтано настануваат од едноставни материјали кои ги имам дома и токму за нив добивам најмногу прашања од следбениците на мојот Инстаграм профил.

na-gosti-kaj-elena-alach-stan-vo-ohrid-so-svetli-boi-i-napravi-sam-proekti-foto-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg