На гости кај Ангелина и Перо Митаноски: Новогодишна магија во семејна куќа во Дојран (фото)

За нас новогодишниот декор е своевиден ритуал.

na-gosti-kaj-angelina-i-pero-mitanoski-novogodishna-magija-vo-semejna-kukja-vo-dojran-foto-07.jpg

Новогодишното уредување кај нас е посебна приказна. Штом дојде ноември нетрпеливо одбројуваме до првиот викенд од декември кога официјално започнува новогодишната атмосфера во нашиот дом.

na-gosti-kaj-angelina-i-pero-mitanoski-novogodishna-magija-vo-semejna-kukja-vo-dojran-foto-11.jpg

Се кити и уредува цели два дена, а потоа по желба додаваме и менуваме украси и предмети. Мора да напоменам дека процесот не е едноставен, но уживаме во секој момент од него.

na-gosti-kaj-angelina-i-pero-mitanoski-novogodishna-magija-vo-semejna-kukja-vo-dojran-foto-13.jpg

Празничната музика е задолжителна при украсувањето, а во текот на декември и до завршувањето на Божиќ, во нашиот дом има амбиентална музика, односно се слушаат најпознатите новогодишни класици и секако новогодишните концерти на Мајкл Бубле.

na-gosti-kaj-angelina-i-pero-mitanoski-novogodishna-magija-vo-semejna-kukja-vo-dojran-foto-10.jpg

Сакаме пораката за љубов, радост, светлина и нова надеж кои ја носат овие празници да му ја пренесеме и на нашиот двегодишен син Алек кој заедно со нас ужива и се радува во украсениот простор, циметните и цитрусни мириси, топлиот чај, пијалаците со мачмалоу и ванила, вкусните путерни колачиња и сите светилки и сијалички кои трепкаат од новогодишната елка и останатите украси во домот.

na-gosti-kaj-angelina-i-pero-mitanoski-novogodishna-magija-vo-semejna-kukja-vo-dojran-foto-05.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
На гости кај Жиле и Рос: Винтиџ стан во Скопје со грамофон, флипер, детали од бувљак и уметнички дел... „Нашиот дом е мешавина од неколку стилови, винтиџ, бохо и индустриски ...

Најчитани неделава