На гости кај Драгана: Вистинска новогодишна бајка во стан во Гостивар (фото)

„Оваа година се одлучив за црвени детали. Тие ми даваат топлина, елеганција и празнична магија на целиот простор“, вели 30-годишната Драгана за својот бајковито украсен дом.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-01.jpg

Кога зборуваме за магично украсени новогодишни домови, тогаш дефинитивно мислиме на домови како оној на Драгана Ѓорѓиевска (30) од Гостивар. Таа живее во стан со сопругот и двете дечиња каде периодов владее вистинска новогодишна магија.

Атмосферата изгледа нереално, едноставно празнична бајка.

За новогодишното украсување на нејзиниот дом Драгана открива за CRNOBELO.com:

„Во мојот дом новогодишната магија започна порано. Како да сакам што побрзо да ја испратам оваа 2020-та година.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-11.jpg

Речиси сите уживаат во украсувањето на своите домови, но јас лично посветувам многу големо внимание на декорирањето на мојот дом.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-28.jpg

Преферирам секоја година да е различно украсено.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-21.jpg

Оваа година се одлучив за црвени детали. Тие ми даваат топлина и елеганција на целата празнична магија.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-07.jpg

Бидете креативни и имагинативни. Не е неопходно да имаме голем буџет на располагање, бидејќи можете да си направите сами многу украси како мене.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-03.jpg

Секако дека секоја година надополнувам и со по некој купен детаљ.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-04.jpg

Сè е дозволено при декорирањето на домот. Само треба да имате одреден стил.

na-gosti-kaj-dragana-vistinska-novogodishna-bajka-vo-stan-vo-gostivar-foto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg