На гости кај Сузана: Семејна куќа во Скопје во која владее празнична магија (фото)

Сузана Тунева Пауновска е скопјанка која во својот дом постојано креира нови приказни во зависност од добата на годината. Во нејзината семејна куќа во Скопје сѐ уште се чувствува празничната атмосфера во секое ќоше.

na-gosti-kaj-tetka-suzana-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-vladee-praznichna-magija-foto-01.jpg

Сузана Тунева Пауновска е скопјанка која ужива во декорирањето на домот во сите годишни времиња.

Така периодов нејзиниот дом зрачи со празнична атмосфера.

За украсувањето на нејзината семејна куќа во Скопје таа открива за CRNOBELO:

„Со убава мисла и ведар дух во празнична атмосфера, да ја надминеме состојбата која ни го смени животот. Повторно да започнеме нова приказна во нашите домови“, вели Сузана Тунева Пауновска од Скопје која својот дом го претвора во приказна во секоја доба од годината. 

na-gosti-kaj-tetka-suzana-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-vladee-praznichna-magija-foto-08.JPG

Класичниот ногодишно божиќен стил на уредување преовладува во домот на Сузана која својот професионален ангажман го има со децении во хуманитарниот сектор, а својот темперамент и приватност го ужива во декорирање на детали и површини, создавајќи амбиенти за релаксирање и мотивација.

na-gosti-kaj-tetka-suzana-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-vladee-praznichna-magija-foto-10.JPG

На елката во нејзиниот дом доминираат стаклени и порцелански уникатни лампиони и детали кои се собирани низ годините од нејзините патувања низ светот. 

na-gosti-kaj-tetka-suzana-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-vladee-praznichna-magija-foto-07.JPG

Доминираат класичните црвена и зелена боја и безброј сијалички.

na-gosti-kaj-tetka-suzana-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-vladee-praznichna-magija-foto-04.JPG

Таа го наоѓа личниот мир и спокој во уредување на креативни катчиња за влевање позитивно располежение. Секогаш присутни во домот се најблиските семејни пријатели со кои споделува добра мислам и смеа за идните предизвици. 

na-gosti-kaj-tetka-suzana-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-vladee-praznichna-magija-foto-03.JPG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Даниел: Стан во срцето на Дебар Маало со впечатлива кујна и поглед кон Водно (фото) „Идејата зад станот беше да се создаде атмосфера на уметничко студио и...
На гости кај Јасмина и Дејан: Стан од 70m2 во Скопје со темни тонови и совршен поглед (фото) „Пред 5 години кога го уредувавме празниот стан, се водевме по водечките трендов...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Розалиа: Семејна куќа од 110m2 во Кавадарци со детски соби со балдахини (фото) „Времето поминато со семејството во периодот на празниците е бесценето, уживаме ...
На гости кај Јулинда и Рилинд: Стилски стан во Скопје со кујна со отворени полици (фото) „Островот е централниот момент на нашата кујна и дом и иако просторот не ни дозв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg