Пар со 3 деца живее во автобус од 23m² и постојано патува (фото)

Поради малиот простор ова семејство вели дека е поблиско од кога било и дека поради патувачкиот дом го живеат својот живот од соништата.

par-so-3-deca-zhivee-vo-avtobus-i-postojano-patuva-foto-01.jpg

Емили и Колби Бел од Јута со нивните 3 деца живеат во училишен автобус од 23 метри квадратни.

Со вградени полици, место за читање, специјално направени кревети и тераса на покривот, тие имаат сѐ што им е потребно за нормално функционирање.

par-so-3-deca-zhivee-vo-avtobus-i-postojano-patuva-foto-03.jpg

Веќе 7 месеци живеат на нетрадиционален начин и патуваат со децата постојано.

35-годишниот Колби од 2018 година почнал да работи онлајн како софтверски инженер, па така одлучиле дека сега им е шансата да започнат нешто ново и поинакво.

„Сме слушнале за семејства кои патуваат, а нас отсекогаш патувањата ни биле приоритет, па помисливме зошто да не продадеме сѐ“, велат тие.

par-so-3-deca-zhivee-vo-avtobus-i-postojano-patuva-foto-02.jpg

Парот продал речиси сѐ што имал и потоа патувале во Австралија, Нов Зеланд, Костарика, Тајван и Фиџи, пред да се вратат во САД за празниците. Но, тогаш на Емили ѝ бил дијагностициран рак на града.

Откако Емили завршила со третманите, семејството повторно било во потрага по нов животен стил, па така во 2020 година одлучиле да си купат стар автобус и да го претворат во свој дом во кој ќе живеат постојано.

5-членото семејство совршено функционира во малиот простор и од август 2020 патуваат и живеат на овој начин.

Фотки од нивниот патувачки дом:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
Марија-Магдалена од Битола, самохрана мајка, урна стара куќа на село и крена нова од темел: „Ми треб... „Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
„Култура“ е нов урбан локал во Скопје - со тепихот од баба, миље, плочи и кул написи на кирилица Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопј...
Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...

Најчитани неделава