На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото)

„Нешто што знаев дека морам да го имам во мојот стан беше честерфилд софата во модерен стил и во бежова боја. Таа ми е омилено парче мебел во станот“, вели 27-годишната Моника од Скопје, која додава дека детската соба во домот им е DIY проект од класичен канцелариски мебел.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_02.jpg

Моника Ангеловски (27), по професија, архитект и урбанист, живее со својот сопруг Славчо и ќеркичката Стела во стан од 69 м2 во скопската населба Карпош 4.

Со неа проговоривме околу изборот на бои, инспирацијата за уредувањето и DIY проектите во нејзиниот дом.

Моника за CRNOBELO открива како со сопругот го создадоа својот мал рај:

„Бидејќи во претходниот стан изобилуваше темна боја и индустриски стил, со сопругот веднаш се сложивме дека во новиот стан мора да преовладуваат светли бои и топли тонови.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_11.jpg

Проектот за станот си го цртав сама, нормално во консултација со сопругот, како и стручна помош од лица кои ни го изведуваа целиот мебел.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_07.jpg

Уште кога го ѕидаа станот направивме веднаш неколку измени во распоредот, така што сите нефункционлни ќошиња, столбови и инсталации се мудро скриени.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_13.jpg

Нешто што знаев дека морам да го имам во овој стан беше честерфилд софата во модерен стил и во бежова боја. Таа ми е омилено парче мебел во станот.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_06.jpg

Ако нешто морам да издвојам како детаљ и контраст во станот, тогаш тоа е бојата на розовото злато која се појавува умерено во неколку елементи и дава совршен контраст на неутралните мат тонови.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_01.jpg

Од она што премногу ни се допаѓаше како идеја и среќна сум што го постигнавме, тоа е долгиот ѕид во дневната соба кој е спој од вертикални брисолеи во боја на слонова коска и големи масивни дрвени плочи, кои доминираат одзади долгата минималистичка комода.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала ... „Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...

Најчитани неделава