На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото)

Во спалната соба најважно ни беше да постигнеме сосема доволно простор за складирање и удобен кревет за спиење. Боите во оваа соба се надоврзуваат со останатиот дел од станот.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_16.JPG

Собата на мојата ќерка Стела беше комплетен DIY проект за време на полициски часови и карантин. Започнувајќи од кречењето на ѕидовите и цртањето на виножитата. Во оваа соба секој пат има нешто ново, нешто преуредено.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_12.jpg

Мора да напоменам дека плакарите и комодата во оваа соба се наш омилен DIY проект бидејќи истите успеавме да ги трансформираме од класичен канцелариски мебел во минималистичен скандинавски мебел со ретро примеси. Кожните рачки и дрвените ногарки се впечатлив детаљ на ова парче мебел.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_15.JPG

Најмногу уживаме во утринското кафе на нашата сончева тераса.

na-gosti-kaj-monika-stan-vo-skopje-so-topli-tonovi-i-diy-proekti-foto01_17.JPG

Исто така, сакам да се надоврзам на оваа статија дека доколку имате потреба некако да ви помогнам со идеи, сугестии и решенија за вашиот дом слободно обратете ми се на мојот Инстаграм профил и ќе ви помогнам со задоволство.“

Повеќе фотографии од домот на Моника:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (ф... „Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употре...
На гости кај Анастасија: Стан од 90m2 во скопската населба Карпош 4 со многу дрво и топли тонови (фо... „Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интере...
На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото) „Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сит...
Мила и Дарко од Скопје се преселија во Орешани: „Градот почна да нè гуши, тука го пронајдовме својот... „Официјално се преселивме во Орешани во пролетта 2021, откако по не знам кој пат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg