На гости кај Александра: Стан во Скопје од 45m2 со земјени тонови и мини библиотека

„Уживам во бои кои шират топлина и удобност. Сѐ во станот беше веќе замислено со бохо „cozy“ детали  и заедно со партнерот идеите ги претворивме во реалност“, вали Александра за својот стан во скопската населба Ѓорче Петров.

 na-gosti-kaj-aleksandra-stan-vo-skopje-od-45m2-so-zemjeni-tonovi-i-mini-biblioteka-01.jpg

Aлександра од Скопје е дипломиран педагог и работи како одделенски наставник. Со партнерот живее во стан во Garden Inn Residence во населбата Ѓорче Петров. Станот е со големина од околу 45м2.

Таа обожава земјени тонови, многу детали и сезонско уредување на домот.

Со неа проговориме за начинот на уредување за кој се одлучила:

„Секој дом има стилско уредување, кое е за почит, па  така и нашиот си направи според нас своја единствена магична стилска приказна. 

 na-gosti-kaj-aleksandra-stan-vo-skopje-od-45m2-so-zemjeni-tonovi-i-mini-biblioteka-06.jpg

Идеи за ентериерот се собирани одамна бидејќи станот ми е долгоочекуван чекор кој морав конечно да го реализирам, а креативноста си ја имам во душата и си стоеше тој концепт.

 na-gosti-kaj-aleksandra-stan-vo-skopje-od-45m2-so-zemjeni-tonovi-i-mini-biblioteka-24.jpg

Уживам во бои кои шират топлина и удобност. Сѐ во станот беше веќе замислено со бохо „cozy“ детали  и заедно со партнерот идеите ги претворивме во реалност.

 na-gosti-kaj-aleksandra-stan-vo-skopje-od-45m2-so-zemjeni-tonovi-i-mini-biblioteka-03.jpg

Архитектот доби слика до најситен детаљ за сѐ каде му е место.

 na-gosti-kaj-aleksandra-stan-vo-skopje-od-45m2-so-zemjeni-tonovi-i-mini-biblioteka-18.jpg

Хоби ми е декорирање, па оттаму и таа креативност. Знам да менувам детали и бои.

 na-gosti-kaj-aleksandra-stan-vo-skopje-od-45m2-so-zemjeni-tonovi-i-mini-biblioteka-11.jpg

Само неколку месеци во овој стан сменив две сезонски уредувања.

 na-gosti-kaj-aleksandra-stan-vo-skopje-od-45m2-so-zemjeni-tonovi-i-mini-biblioteka-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Агнеса Органџиева: Стан во Скопје од 90m2 со уметничко дело на плафонот (фото) „Станот е изработен со помош на архитект. Неговите визии заедно со моите ги скло...
На гости кај Софија Јанева: Драстична трансформација на стан во центарот на Скопје (фото) „Станот е 60м2 и се наоѓа во општина Центар. Почнавме да го реновираме во јануар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg