Во домот на Даниела во Германија: Одлично уредена занимална за нејзините 3 дечиња (фото)

„Во занималната кај нас преовладува едно шаренило од бои, слободата во играта и во индивидуалното изразување преку најразлични активности, како креативни така и спортски“, вели Даниела.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-01.jpg

Даниела повеќе од 13 години живее во село во Германија. Таа најголемо внимание на уредувањето во домот има посветено на занималната на нејзините 3 ќеркички, која е одлично опремена за забава, но и правилен развој на нејзините дечиња.

За уредувањето на занималната Даниела ни раскажа повеќе околу сите детали:

„Немаше посебни правила при уредување на занималната на девојките, би рекла дека се беше набавено спонтано според нивните потреби и интереси.

Се разликува од типичните занимални на децата каде преовладуваат пастелните бои и постои совршена хармонија на бои и секој предмет има точно место и е визуелно одлично вклопен во просторот. Кај нас преовладува едно шаренило од бои, слободата во играта и во индивидуалното изразување преку најразлични активности, како креативни така и спортски.

Ја имаме веќе 2 години и можам да кажам дека целосно ги отсликува девојките, не мене, што посебно ме радува. Се наоѓаат во онаа возраст кога е неопходно да истражуваат и екпериментираат со разни бои и материи, па се трудев да им понудам средина каде нема да морам да ги ограничувам поради капка боја на подот или на мебелот.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-02.jpg

Цртежите од нивните ремек дела, со иницијалите и возраста од задната страна, не само што ги красат ѕидовите ми се еден потсетник за нивниот развој во изминативе години. Најразличните „направи сам“ проекти и активности не само што се во сеќавање на незаборавни сензорни авантури, туку и спомен на заедничкото квалитетно поминато време. Многуте обвивки со игри кои не секогаш се совршено наредени ред во регалите нè потсетуваат дека секојдневно се вадат, играат и користат, а справите дека нема изговор за најразлични спортски и физички активности со децата, дека и во домот, делумно и со минимален простор, може да се постигне толку многу.

Истата ја поделив на два дела, дел каде ќе бидат обавени активности за моторниот развој и дел каде ќе можат девојките креативно да се изразуваат и да имаат различни сензорни активности.

Дополнително, сега кога Елизабет е веќе во претшколска возраст и истата и налага и друг тип на вежби и активности, како дополнување на претходно набројаните, започнавме со уредување и на регалот со различни игри за стимулирање на говорот поради нејзината состојба (вербална диспраксија), основите на математиката, различни логички, графомоторни и монтесори игри.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-04.jpg

Често сме сведоци дека поради околностите во кои моментов живееме поради кризата со корона, но и зголемените приватни и професионални обврски, не се родителите секогаш во можност да имаат различни активности во природа преку кои децата би играле и истражувале, но и би ја потрошиле вишокот на енергија. Алтерантиви и опции за истото да се стори во домот се секогаш добредојдени.

Зошто се важни ваков вид на активности?

Центарот за рамнотежа добива информации од оптичкиот, проприоцептивниот и вестибуларниот систем.

Вестибуларниот систем обезбедува податоци преку средното уво и нè информира за положбата на главата и како-дали се движиме. Перцепцијата на телото кон гравитација, движењето и рамнотежата. Истовремено е наречен и внатрешен навигационен систем или GPS.

Активности кои се препорачуваат: нишање-лулање, скокање, лизгање, вртење.

Сите овие активности во недостиг на можности да се изведат надвор, во природа или игралиште, може да бидат изведени и во домот.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-06.jpg

Една од основните активности во детскиот развој. Скокање.

Кога стоиме немаме проблем со рамнотежата. Во моментот кога се започнува со оваа активност нашиот мозок бара нов центар за рамнотежа. Оваа активност бара истовремено физичка активност, но и концентрација за да се изврши истата, посебно кога е дел од покомплексна игра.

При проценка на развојот кај малите дечиња секогаш се поставува прашањето од која возраст може да скокне од последната скала при симнување од скали, или дали може да скока како зајче со споени нозе, дали може да скока на една нога итн.

Јас набавив едни обрачи за фитнес (од Лидл) за да играме и вежбаме дома.

Сепак, за оваа активност, може да се импровизира толку многу што и не е задолжителна некоја инвестиција и може да се искористат работи што веќе ги имаме во домот.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-16.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
На гости кај Ева Јакимовска: Стан од 65m2 во Скопје на поткровје со закосени тавани, во кој преовлад... „Имав желба да имам мое катче за шминкање во спалната соба, простор кој е лично ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg