На гости кај Елена: Стан од 170m2 на поткровје на Водно - огромна кујна и многу светлина (фото)


На гости кај Елена: Стан од 170m2 на поткровје на Водно - огромна кујна и многу светлина (фото)

„Секое штрафче, секоја фуга, секој детаљ беше направен под мој надзор и со мој придонес. Работев заедно со мајсторите секојдневно, имам и свој алат, нетипично можеби за жена“, раскажува 40-годишната Елена Пискачева Курт.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-01.jpg

Елена Пискачева Курт (40) е дипломиран инженер архитект, која со сопругот Неџат и двата сина Максим (11) и Габриел (7) живее во стан од 170м2 на поткровје во скопската населба Водно.

Таа вели дека во животот живееле во неколку држави и во многу различни живеалишта, но дека на секое од нив сака да остави свој личен печат при уредувањето.

За уредувањето на нивниот стан на Водно, Елена споделува за CRNOBELO.com:

„Ние сме невообичаено семејство, живееме како номади. Во нашиот долгогодишен брак, заради природата на работата на мојот сопруг имаме сменето неколку држави и многу различни живеалишта. Со тоа спонтано се оствари мојата желба да купувам станови, ги реновирам, уредувам и да ги продаваме.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-02.jpeg

Јас и сопругот сме многу слични и не сме личности кои имаат за цел да создадат живеалиште и во истото да ја дочекаат својата старост. Сакаме промени, понекогаш дури и екстремни.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-17.jpeg

Станот во кој моментално живееме го посакував неколку години и успеавме да стане наш. Но, беше вистински предизвик да го реновирам целосно, буквално од корен што би се рекло, и да го дизајнирам, не толку по мој вкус, но затоа целосно по вкусот и желбите на мојот сопруг, а првенствено на нашите синови.

Но, кога сме кај нашите синови мора да кажам дека имаат навистина конкретни и специфични барања, а на мене беше одговорноста да им ги претворам сите барања во реалност.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-24.jpeg

Мојата потреба да имам целосна контрола врз работите со овој проект го достигна својот максимум. Секое штрафче, секоја фуга, секој детаљ беше направен под мој надзор и со мој придонес. Работев заедно со мајсторите секојдневно, имам и свој алат, нетипично можеби за жена.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-03.jpeg

Реновирањето траеше долги 6 месеци и сè уште станот не е готов според моите стандарди. Како се вселивме така почнав со работа на друг проект и нашиот стан остана недовршен. Никако да најдам време да одберам нови амбиентални ламби и лустери, а во кујната на некои места фали осветлување со лед диоди. Спалната исто така не е довршена според мојата замисла, но сето ова не го намалува нашето уживање во овој простран и целосно облеан со сонце стан.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-22.jpeg

Ориентацијата на станот, југо-запад, беше една од најважните причини за да се одлучиме за овој стан. Сметам дека ориентацијата е многу важна при избор на живеалиште.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-13.jpeg

Употребив земјени тонови, топли и пријатни, но темни, со намера, зошто станот има премногу светлина и доживувањето на темно сивите ѕидови и темниот мебел е сосема поинакво од тоа што првенствено би очекувале.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-16.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Живот со стил во една соба? Можно е! Ви претставуваме како изгледа домот на една млада дама, кој и покрај скромната к...
На гости кај Наташа: Семејна куќа во Битола со детали во силни бои (фото) „Бидејќи бев сигурна дека сакам сѐ во мојот дом да биде во црно-бела боја за да ...
На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото) „Нешто што знаев дека морам да го имам во мојот стан беше честерфилд софата во м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg