На гости кај Елена: Стан од 170m2 на поткровје на Водно - огромна кујна и многу светлина (фото) - Results from #2


На гости кај Елена: Стан од 170m2 на поткровје на Водно - огромна кујна и многу светлина (фото)

Во зима дополнително е потенциран топлиот амбиент во дневната и трпезаријата со каминот, кој е дизајниран со целосен систем за да го топли скоро цел стан.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-18.jpeg

Секоја од спалните е дизајнирана да има своја бања и со тоа овозможив интимност и за мене и мојот сопруг, но и за децата кои веќе почнаа да покажуваат потреба на издвојување и приватност.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-05.jpeg

Нивната соба е нетипична детска соба. Двајцата изразија желба за соба во црна боја, не сакаа да спијат во одвоени соби и сакаа голем кревет на кат, кој и го добија. Иако нивната соба има мебел со црна боја, таа е сепак пријатна и светла.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-27.jpeg

Тука употребив детали и текстил во живи бои, кои го разиграа просторот. Исто како и во дневната, им дизајнирав миндер под големиот прозорец, кој исто им стана омилено место за лежење и читање книги. Двајцата се многу горди на својата соба.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-25.jpeg

Нашата спална е дизајнирана во темни бои, само креветот е крем и е во сосема спротивен дизајн од останатиот мебел. Сакам да мешам стилови кои на прв поглед се неспојливи.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-21.jpeg

Со употреба на огледала по целата должина на едниот ѕид, собата, и онака голема, изгледа уште поголема. Навечер играта на темно сивите ѕидови, дебелите темновиолетови драперии, мекото светло од амбиенталните бели ламби и големиот кревет ја прават спалната примамлива, дури егзотична.

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-23.jpeg

Многу љубов, внимание, време и солзи во буквална смисла на зборот, се преточени во дизајнот на овој наш стан. Јас, искрено, сè уште не уживам во него целосно, затоа што го гледам од техничка гледна точка и само си пронаоѓам работи кои сум можела да ги направам подобро или поинаку. Но, стекнатото искуство со овој стан, кое беше големо, заради состојбата во која го купивме истиот, ќе го употребам во следната наша авантура.“

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-09.jpeg

Повеќе фотографии од домот на Елена:

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-12.jpeg

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-11.jpeg

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-06.jpeg

na-gosti-kaj-elena-stan-od-170m2-na-potkrovje-na-vodno-ogromna-kujna-i-mnogu-svetlina-foto-04.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Живот со стил во една соба? Можно е! Ви претставуваме како изгледа домот на една млада дама, кој и покрај скромната к...
На гости кај Наташа: Семејна куќа во Битола со детали во силни бои (фото) „Бидејќи бев сигурна дека сакам сѐ во мојот дом да биде во црно-бела боја за да ...
На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото) „Нешто што знаев дека морам да го имам во мојот стан беше честерфилд софата во м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg