На гости кај Павел Мише: Стан во Скопје во кој доминираат кактусите и сукулентите (фото)

Можеби се прашувате зошто баш кактуси од толку многу растенија? Кактусот за мене имаше одлична лекција - да ја најдам убавината каде што никој друг не ја гледа. 

Од друга страна кактусот го пресликува симболот на силните луѓе во животот и нивниот оптимизам. Без разлика на секојдневните предизвици и пречки, наоѓаме време за да се посветиме на малите убави моменти и работи според кои го паметиме животот.

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-12.jpeg

Исто така од секоја потешка ситуација да излеземе посилни и со научена лекција. Така и кај кактусите – полни боцки, но често со исклучително убави цветови, дури и при најтешките услови.

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-05.jpg

Бројни научни истражувања покажале дека сукулентите и кактусите ги неутрализираат штетните зрачења и негативната енергија. Сансеверијата и други видови се познати како прочистувачи на воздухот. За мене ова е и повеќе од доволна причина да ги сакам и да бидат прв избор за мојата урбана градина.

na-gosti-kaj-pavel-mishe-stan-vo-skopje-vo-koj-dominiraat-kaktusite-i-sukulentite-foto-06.jpeg

И да додадам уште нешто - луѓето кои чуваат кактуси се посебни битија. Кој познава такви луѓе, знае за што зборувам.“

Повеќе фотки од станот на Павел Мише:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости кај Жиле и Рос: Винтиџ стан во Скопје со грамофон, флипер, детали од бувљак и уметнички дел... „Нашиот дом е мешавина од неколку стилови, винтиџ, бохо и индустриски ...
Локал во близина на Скопје каде ќе гледате јавање коњи, додека пиете кафе и ручате Во село Волково во склоп на коњички клуб, се наоѓа локал кој ќе ви биде совршено...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...

Најчитани неделава