На гости кај Билјана: Современо уредена семејна куќа во Влае - со декоративни тули и земјени тонови (фото)
- Детали
- сабота, 16 октомври 2021
„Топлината којашто ја дава тулата е клучот за тоа како изгледа нашиот дом. Во него преовладуваат земјените бои, како и окерот и маслинесто зелената боја, бои кои според мене создаваат смирувачка и позитивна енергија во домот“, вели 30-годишната Билјана Белева од Скопје.

Билјана Белева (30), сопственик на компанија за организација на прослави, од Скопје со својот сопруг Милан и нивното синче живее во семејна куќа во населбата Влае.
Куќа е современо уредена со низа впечатливи детали.
За CRNOBELO.com Билјана за уредувањето открива:
„Биофилниот дизајн во комбинација со стилскиот мебел и безвременската убавина и топлина којашто ја дава тулата се клучот за тоа како изгледа нашиот дом.

Во нашиот дом преовладуваат земјените бои, како и окерот и маслинесто зелената боја, бои кои според мене создаваат смирувачка и позитивна енергија во домот.

Планирањето и распоредот го одлучивме заедно со мојот сопруг Милан, бидејќи и двајцата сметавме дека треба да се балансираат функционалноста и изгледот.

„Must have“ беше мебелот со тубуларни форми и заоблени рабови, како и чистата површина на елементите од мебелот.

За да создадете удобност и приказна во секоја просторија која го одразува вашиот стил и карактер потребни се деталите.

Па, кога сме кај деталите, да не речам тие се клучот, тие го имаат најголемото влијание врз целокупниот изглед во нашиот дом.
