На гости кај Елена Илиевски во Германија: Дом на Македонка со сиво-црни тонови и совршена тераса (фото)

„Во дневната соба ставив посебен акцент на висечката ТВ комода која дава свежина на сиво - црните елементи во просторијата, а од особена важност ми се постерите над софата кои ги менувам во зависност од годишното време и бојата која сакам да ја искористам како декор за да го освежам просторот“, вели Елена Илиевски (29) за CRNOBELO.com за уредувањето на нејзиниот стан во Германија.

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-01.jpg

Елена Илиевски (29), дипломиран професор по англиски јазик и книжевнист, со сопругот Давид Илиевски, дипломиран туризмолог, живее во Бухолц, Германија (град во близина на Хамбург) во стан во центарот на градот со 73m2.

Тие веќе 4 години живеат и работат таму. Елена моментално работи како медицинско лице во Ковид центар во државна болница. 

За уредувањето на нивниот стан Елена споделува за CRNOBELO.com:

„Неодамна се доселивме во нов стан, кој за разлика од претходниот е доста поголем и покомфорен, а за мене најбитно беше да биде на приземје и да има балкон.  

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-02.jpeg

Станот брои три соби, долг ходник, два балкони и се простира на површина од 73m2.  

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-05.jpg

За мене уредувањето претставува еден вид на процес во кој уживам. Идеите најчесто ги црпам од Pinterest. 

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-08.jpg

Од самиот почеток на уредувањето знаев дека за разлика од претходниот стан, кој беше уреден во светли тонови и преовладуваше белата и розoвата боја, овој стан ќе биде со поистакнати контрасти. 

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-07.jpg

Себеси се сметам за личност која е доста креативна, па затоа повеќето од декорациите дома ги изработувам сама или ги реставрирам со помош на сопругот.  

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-21.jpg

Пред да се доселиме во овој стан имавме можност со сопругот да посетиме еден музеј за мебел во Копенхаген, каде и двајцата бевме фасцинирани од моќта на црниот полстер трпезариски стол во склоп на индустрискиот дизајнот на дрвена маса. Така, без двоумење се решивме да нарачаме иста комбинација како таа што нè импресионираше, за која сметам дека е полн погодок затоа што столовите се доста удобни и безбедни.

За мене од големо значење е трпезаријата, затоа што сметам дека е совршено место кое што нè зближува со семејството и пријателите покрај вкусна храна, добро вино и убава музика.

na-gosti-kaj-elena-ilievski-vo-germanija-dom-na-makedonka-so-sivo-crni-tonovi-i-sovrshena-terasa-foto-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg