На гости кај Бети: Новогодишно украсена куќа од 240m2 на Македонка во Швајцарија (фото)
- Детали
- сабота, 31 декември 2022
„Го обожавам празничниот период затоа што е магичен и возбудлив, ни ја враќа вербата во убавите и добри работи и прави да веруваме дека магија постои. Украсените улици во Швајцарија ме потсетуваат кога пред 33 години дојдов во оваа земја и тоа токму во периодот на празниците, затоа и домот си го претворив во новогодишна бајка...“, споделува Бети Алексовска за CRNOBELO.com за својата семејна куќа на 3 ката.

Бети Алексовска е Македонка која живее во куќа на 3 ката од 240m2 во централна Швајцарија, поточно во едно прекрасно мало место Вилдерсвил на 3 километри од Интерлакен, најпосетуваното гратче со живописна природа во Швајцарија.
Бети Алексовска е сопруга и мајка на три прекрасни деца и вели дека омилен период од годината ѝ е празничниот, односно Нова година и Божиќ.

За CRNOBELO.com Бети споделува детали за украсувањето на домот:
„Го обожавам празничниот период затоа што е магичен и возбудлив, ни ја враќа вербата во убавите и добри работи и прави да веруваме дека магија постои.

Во овој период сè е магично и светкаво и секое ќоше е украсено во Швајцарија, па таква атмосфера сакав да доловам и во мојот дом.


Украсените улици во Швајцарија ме потсетуваат кога пред 33 години дојдов во оваа земја и тоа токму во периодот на празниците.

Отсекогаш сум уживала во украсувањето на домот.

