9 трендови за уредување што ќе доминираат во 2024-та

Чоколадни нијанси, елементи инспирирани од природата, но и мултифункционален мебел – кои се најголемите трендови за уредување за годинава, според дизајнерите на ентериер?

9-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2024-ta-01.jpg

Трендовите за уредување се менуваат мошне често, но дизајнерите сметаат дека дел од нив можат да се сметаат и за класика.

Односно, ако ги примените, не ризикувате за некоја година да изгледаат застарено.

Неколку трендови кои се присутни веќе некое време, но годинава стануваат уште попопуларни:

Боја на чоколадо

Топлите нијанси, особено бојата на чоколадо, му даваат посебна топлина на просторот.

Лесно се комбинираат со други бои, а создаваат посебна атмосфера.

9-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2024-ta-02.jpg

Дизајн инспириран од природата

Природни материјали како дрво, „природни“ бои како зелена и кафеава, многу светлина и многу растенија – ова се само дел од деталите на дизајните инспирирани од природата.

И, популарни се веќе неколку години, а експертите веруваат дека ќе бидат хит уште многу долго.

9-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2024-ta-03.jpg

Впечатливи тапети

Некои луѓе ги мразат, а некои ги обожаваат, но факт е дека тапетите повторно остануваат хит.

Тие се одличен начин да му додадете личен печат на домот, а најпопуларни се оние со големи, впечатливи принтови.

9-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2024-ta-04.jpg

Заоблени линии

Кружни врати и прозорци, мебел со заоблени рабови, кружни килимчиња – заоблените линии го прават просторот попријатен и стануваат мошне популарни во уредувањето на ентериерот.

9-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2024-ta-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 трендови за уредување со ретро и луксузна нота кои се хит во 2025-та Простор во кој преовладуваат исти шари низ повеќе елементи, јапанди стил – комби...
7 трендови за уредување кои ќе доминираат во домовите во есен 2025 Мермерни елементи, палета со топли тонови, слоевито уредување со тепих, ќебенца ...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретр...
Детали што прават домот да делува непријатно и евтино Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина....

Најчитани неделава