Неочекувани работи во домот кои ви ја „крадат“ енергијата и ви го расипуваат расположението
Вревата од автомобилите што ја слушате и дома, но и лошото осветлување – кои работи во домот можат да ви влијаат негативно?
Домот е место каде што треба да се чувствуваме пријатно и удобно.
За ова не мора да реновирате или да купувате нов мебел, туку доволно е да обрнете внимание на некои ситници.
Најпрво, потрудете се домот секогаш да ви биде среден.
А, ако често се чувствувате мрзоволно кога сте дома, можеби треба да промените нешто од следниве работи:
Звучно загадување
Таканареченото звучно загадување може да претставува сериозен проблем кој е многу поизразен ако живеете во град.
Но, не е само вревата од автомобилите проблематична – може да чувствувате последици и ако постојано ви бучи телевизорот или имате уреди кои испуштаат звук како зуење. Многуте звуци дополнително ве стимулираат, па може да делуваат и заморувачки.
Ако живеете на место со многу врева однадвор, кога ќе бидете во можност, ставете прозорци со добра звучна изолација.
Навечер исклучувајте го телевизорот – уште подобро ако воопшто немате телевизор и други уреди во спалната соба.
Недостаток од природна светлина
Сончевата светлина има огромно влијание врз расположението и нивото на енергија.
Ако во домот ви е премногу мрачно, можно е да се чувствувате уморно, па и да забележите промени во расположението и продуктивноста.
Затоа, во текот на денот немојте да ги криете прозорците зад завеси и дозволете во домот да влезе природна светлина.
Доколку, пак, работите од дома, работете на место каде што има повеќе светлина бидејќи позитивно ќе се одрази на вашата продуктивност.
Лошо осветлување во домот
Влијание може да има и осветлувањето на домот – ако светилките се многу слаби или, пак, премногу силни, може да се чувствувате поуморно или поанксиозно.
Застојан воздух
И состојбата на воздухот во домот има влијание врз нивото на енергија и расположението.
Ако дома чувствувате непријатен мирис, секако дека нема да се чувствувате убаво. Истовремено, застојаниот воздух може да делува задушливо и да ви влијае на нивото на енергија и расположението.
Затоа, задолжително проветрувајте го домот еднаш дневно, а во периодот од годината кога е многу загадено, добро би било да набавите прочистувач на воздух.
Недовршени проекти и скршени предмети
Овде спаѓаат сите работи во домот што се недовршени, како недосредена просторија, неваросан ѕид, скршен мебел кој не сте го поправиле и слично.
Секако, ова се разбои кои претставуваат поголем финансиски трошок, но пробајте колку-толку да ги средите бидејќи сепак имаат влијание врз нивото на енергија и врз расположението.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





