Застарени трендови за уредување што ќе ги оставиме во 2025 година
„Милениумска сива“, студен минимализам и нефлексибилни простории со само една намена.

Дизајнерите за ентериер веќе имаат претпоставки за трендовите што ќе доминираат во новата година.
Според она што почесто го бараат нивните клиенти, знаат и кои трендови полека изумираат.
Кои трендови за уредување ќе ги оставиме во 2025 година?
„Студен“ минимализам
Стерилниот бел простор, празните површини и, главно, ентериер што изгледа повеќе како салон отколку како дом се трендови што постепено ја губат привлечноста.
Сè поголем интерес има за топлина во ентериерот, текстура и природни материјали.
Нормално, минимализмот нема да исчезне, но популарни ќе бидат ентериерите кои не делуваат толку студено.

Ентериер со „милениумска сива“ боја
Изминативе неколку години огромен хит стана неутралната сива боја за уредување на домот.
Бидејќи најчесто доминира кај милениумци, почна да се нарекува и „милениумска сива“.
Иако сивите нијанси не ја губат својата популарност, ентериерот во кој има само сива боја и ништо друго делува премногу монотоно.
Наместо тоа, попопуларно е комбинирањето со други неутрални нијанси, како земјени тонови.

Мебел со ист дизајн и строга симетрија
Просторот уреден со ист тип на мебел, со совршена симетрија, не раскажува никаква лична приказна.
Спротивно на ова, во 2026-та попопуларно ќе биде комбинирањето на повеќе стилови, модерни и винтиџ.
Односно, важно е домот да има ваш личен печат, а не да биде копија од списание за ентериер.

Трендови кои изгледаат добро само на фотки
Просторот дизајниран само за да изгледа добро на Инстаграм фотки веќе не делува толку привлечно, најмногу бидејќи генерално вклучува минливи трендови.
Во 20206-та, повеќе фокус ќе се става на функционалноста и уредувањето во стил кој се смета за безвремен.

Прекумерна употреба на еден материјал или текстура
Исти детали на секој ѕид, иста текстура на секое парче мебел, ист материјал во секој дел од домот…
И ваквото уредување прави просторот да делува по малку стерилно и безлично.
Многу подобро изгледа ако комбинирате разни текстури и материјали. Секако, не треба ни да претерате за домот на делува кич.

Строго дефинирани и нефлексибилни простории
Формалните трпезарии кои ретко се користат, празен простор во ходникот, но и строгото делење на просторот не се баш најпрактични решенија за домот.
Ако имате огромен дом, тогаш можете и да експериментирате со ова.
Но, кога сте со поограничен просторот, многу подобро е собите во домот да бидат попрактични и да одговараат на вашите потреби.
Ова е можеби и поважно од тоа како ќе ги уредите.

Спирова С. | Црнобело