Како брзо и ефикасно да го исчистите вашиот душек?

Со редовното чистење на душекот вие ги елиминирате мртвите клетки од кожата кои остануваат на него, но и си овозможувате поквалитетен сон.

kako-brzo-i-efikasno-da-go-iscistite-vasiot-dushek-1

Добро би било барем еднаш во 2 месеци да обрнете внимание на чистењето на душекот, а особено правете го тоа во летниот период кога ноќното потење е почесто.

Посветете поголемо внимание на душекот на којшто спиете и заштитете се од несакани алергии и иритации. Основна работа која треба да ја направите за да си обезбедите здрав сон е редовното менување на постелнината, односно еднаш во неделата.

Со оглед на фактот дека чистењето на душекот не е едноставна работа и бара повеќе труд и време, овие неколку совети ќе ви помогнат за поефикасно и побрзо чистење на вашиот душек:

1. Постелнината перете ја на највисока температура. На тој начин, вие ги елиминирате сите бактерии кои се собрале во неа.

2. Директно врз душекот ставете поголема количина сода бикарбона.

3. Оставете ја сода бикарбоната најмалку еден час, а потоа соберете ја со помош на правосмукалка. Користете ја правосмукалката без нејзините додатоци и чистете дел по дел.

4. За длабинско чистење на душекот потребно е да направите чистење со пареа. Освен тоа, не заборавајте на перниците. Тие се исто така збир на бактериите, а особено доколку зачестено се потите во текот на ноќта. Најдобро е перниците да ги менувате на секои две години.

Запомнете, дури третина од вашиот живот ви поминува во спиење. Затоа морате да обрнете внимание на вашиот душек исто како што обрнувате внимание на другите делови од домот. 

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои со љубов си ги уредија становите во удобно катче од соништата, без помош од дизајнер „Само 23 квадрати се, но многу ми е удобно овде - има бања, а шпоретот е зад фри...
Помошна куќа за персонал, турска бања - Како е уреден луксузниот дом од 2,5 милиони евра на Лепа Бре... Собите во приземјето се широки и пространи, споени една со друга - од отворената...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото) Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...
Луѓе кои си ги претвориле балконите во удобно катче за сончевите денови (фото) „Ако имате мал балкон, има 3 работи со кои за малку пари ќе го трансформирате – ...
Трендови за уредување кои изгледаат убаво само на Инстаграм (и не се воопшто практични) Ако сакате многу растенија во домот, не заборавајте дека ќе треба и да се грижит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg