20 инспиративни идеи: Лето во спалната соба (фото)

Летото е омилениот период од годината на многумина, токму заради времето поминато надвор. Но, зошто најубавата сезона да не ја внесете во внатрешноста на домот?

20-inspirativni-idei-leto-vo-spalnata-soba-001.jpg

Цветни тапети, завеси и прекривки, перници со овошен дезен и мешавини од бои и нијанси – ова се само дел од идите со кои можете да го внесете летото во вашата спална соба.

Затоа што ретко кој може да си дозволи секоја сезона, односно на 3 до 4 месеци да го менува просторот, доволно е да украдете неколку ситни идеи.

Почнете од прозорите – отворете ги, завесите раздвојте ги или целосно променете ги со некои попровидни, а потоа декорирајте ги рамките.

Преминете на ѕидовите – ставете тапет или едноставно во украсни рамки ставете повеќе цветни слики и направете ѕиден колаж.

Завршете со прекривките и перниците – одберете нови навлаки кои ќе ве асоцираат на лето.

Финиширајте со освежувач за воздух кој мириса на морски бранови и летото може да започне!

Овие идеи ќе ви послужат како инспирација за одредени акценти и детали кои можете да ги вметнете, без оглед на стилот на уредување.

Би можело да ве интересира:

6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕ...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
Идеи како да внесете пролетна естетика во вашиот дом (како кај инфлуенсерите) Кај македонските инфлуенсерки сигурно веќе ги гледате чиниите и шолјите во форма...
Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото) Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...
3 идеи како практично да го уредите домот, според експерти за дизајн „Практичен ентериер е оној што може да го издржи секојдневниот живот. Не ба...
Идеи како да ја украсите терасата новогодишно (за да биде најубава од сите) Дали секогаш се восхитувате на убаво украсените тераси однадвор во новогодишниот...

Најчитани неделава