Едноставни фенг шуи совети за позиционирање на мебелот во домот: Како да внесете среќа и позитивно расположение?

(комерцијален текст) Луѓето најчесто за фенг шуи мислат дека е начин на уредување на домот кој содржи многу мистичност во себе и тајни кои се познати само на неколкумина. Сепак, фенг шоу е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата.

ednostavni-feng-sui-soveti-za-pozicioniranje-na-mebelot-vo-domot-kako-da-vnesete-sreka-i-pozitivno-raspolozenie-01.jpg

Станува збор за еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.

Фенг шуито е уметност, или како што обожаваат научниците да ја наречат наука која се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија).

Кинезите велат дека вселената е едно огромно енергетско поле, а токму фенг шуито ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно. Фенг-шуи може да ви помогне вашиот дом да изгледа подобро, да ви дава енергија и да ве релаксира и притоа да ви овозможи да се чувствувате позитивно и убаво.

ednostavni-feng-sui-soveti-za-pozicioniranje-na-mebelot-vo-domot-kako-da-vnesete-sreka-i-pozitivno-raspolozenie-02.jpg

Меѓународниот Саeм за Мебел (22-ри до 27-ми март) кој без конкуренција е најпосетуваниот саем во нашата држава и притоа привлекува големо внимание во регионот е одлично место каде што граѓаните имаат најголем избор за да го одберат своето омилено парче мебел, но и да ги дознаат глобалните трендови.

На овогодинешниот Саем за Мебел, ќе се случува вистинско уживање за сите оние кои ќе дојдат да си купат нешто за дома, дворно место или канцеларија од 400-те странски и домашни изложувачи кои имаат понуда од 10.000 иложени парчиња на мебел и сето тоа за прв пат во рекордни 11 саемски хали.

Внимателно одберете ги боите во домот, особено за мебелот, затоа што шаренилото ги заморува очите и мозокот и предизвикува нервози и кавги. Доволни се две бои на ѕидовите, тие треба да се хармонични и компактибилно со бојата на мебелот. Потрудете се да имате колку што може повеќе природно осветлување, бидејќи тоа, за разлика од вештачкото, носи хармонија и ведро расположение.

Според фенг шуи, во домот подобро е да има нов мебел отколку старински мебел од антикварница. Ова особено важи доколку не сте експерт за старински мебел, бидејќи со внесување на стари предмети во домот може да се внесе лоша енергија. Овој мебел може да има застоена енергија која може да не се вклопи добро со енергијата на останатиот мебел.

ednostavni-feng-sui-soveti-za-pozicioniranje-na-mebelot-vo-domot-kako-da-vnesete-sreka-i-pozitivno-raspolozenie-03.jpg

Кружна, овална и октагонална маса поставена во трпезаријата е многу посоодветна отколку квадратна или правоаголна, бидејќи нема остри ивици кои ги раздвојуваат луѓето. Плакарите вградени во ѕидот делуваaт позитивно бидејќи ги пополнуваат аглите на собата.

При избор на гарнитура за седење треба да се знае дека добар распоред на елементите е постигнат кога тие формираат правилен облик: правоаголник, квадрат, или осмоаголник кој се смета за исклучително поволен за распоред на мебелот во дневната соба, како и за дизајнот на прекривката на трпезариската маса.

Избегнувајте распоред на елементите од гарнитура за седење во облик на буквата L или U, бидејќи на тој начин сугерирате дека нешто не е потполно или дека нешто недостасува.

Ова се неколку интересни но важни совети за фанг шуи:

- Редовно чистете го домот и особено внимавајте на деловите кои што се покриени со мебел, бришете прашина од мебелот и не го занемарувајте бидејќи тоа смета на протокот на „чи“ енергијата 

- Поправете сè што е расипано во домот редовно да бришете прашина, бидејќи тоа смета на протокот на “чи“ енергијата

- Фрлете се’ што е старо или скршено или што потсетува на болни моменти од минатото

- Бојадисајте ги ѕидовите во собата во која сакате потполно да ја промените енергијата и купете мебел што ќе дише во собата, а нема да ја затвори

- Внесете свежо цвеќе кое ќе донесе позитивна енергија

- Крупната морска сол ја собира негативната енергија, ставете од неа во некој дел од домот

- Стаклени зидови или воопшто стаклени површини поврзуваат со природата и  екстериерот. Но премногу стакло создава замор

- Не користете мозаици или плочки од огледала. Тие го прекинуваат вашиот лик и симболично така би било и во вашиот живот

- Не комбинирајте спална со работна соба ­ различните енергии ќе се судрат и ќе делуваат и во едната и во другата област. Ако веќе мора да ви бидат заедно, симболично одвојте ги со помош на растенија, огледало и сл

- Не правете веднаш премногу промени дома, но исфрлете се што не ви треба внесете што повеќе светло во вашот дом, прозорите да ви се секогаш чисти и наместо неонки ставете обично светло.

- Имајте дома предмети во пар, а не по еден самостоен

Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите.

ednostavni-feng-sui-soveti-za-pozicioniranje-na-mebelot-vo-domot-kako-da-vnesete-sreka-i-pozitivno-raspolozenie-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Трендови за уредување на домот кои е најдобро да ги избегнувате Отворени полици, генерички уметнички дела и скапи сезонски декорации – Кои тренд...
Рајско дворче во Скопје со палми, црквичка и петунии во разни бои (фото) Лесно е да побегнете од летните горештини ако имате куќа и дворче со многу зелен...
Дел од најубаво украсените новогодишни домови во Македонија на прагот од 2024-та (фото) Голем дел од домовите низ Македонија веќе се накитени. Од тераси и дворови со со...
Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Со архитектот Лука Радовиќ за уредувањето на јога студио во Скопје: „Груб простор претворивме во мес... „Проектот за внатрешно уредување на просторот наменет за јога студио делува лесе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg