Детски душеци кои се прават брзо, а ќе ве спасат од грижи зимава

Куклите и автомобилите не се единствените играчки кои може да ги развеселат и израдуваат вашите деца.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-001.jpg

Понекогаш дури и наједноставните работи, како на пример овој душек, може да бидат одличен начин да ги израдувате вашите деца и воедно да ги натерате да играат на топло.

Тој е одлично место за играње, но и за кратка дремка штом почувствуваат дека играта ги изморила и треба да соберат нова енергија.

Постапката за негова изработка е навистина лесна и едноставна. Сè што треба да направите е да ги следите чекорите...

Потребен материјал:

  • 4 перници
  • чаршаф
  • ножици
  • конец
  • игла

Чекор 1

Земете 4 еднакви перници и поставете ги врз материјал, кој треба да биде двојно подолг од перниците. Не заборавајте да оставите малку дополнителен простор од секоја страна.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-02

Чекор 2

Означете ги со креда линиите каде треба да завршува секоја перница. Потоа свиткајте го материјалот, водејќи сметка за дополнителните делови.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-03

Чекор 3

Замотајте ги перниците со материјалот така што предниот дел ќе му биде однатре и зашијте го долниот и страничниот дел.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-04

Чекор 4

Превртете ја формата која ја добивте и вметнете ги сите 4 перници. На крај, зашијте ги претходно обележаните линии.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-05

Ќе добиете удобен и мек душек кој вашите деца ќе го обожаваат. Тој може да се витка на најразлични начини и да послужи како место за игра или попладневна дремка.

Detski-duseci-koi-mozete-da-gi-naravite-sami-06

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби) Во стилот ваби-саби нема место за совршена симетрија или сјајни површини. Намест...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
8 мали детали што му даваат шарм на домот (и прават да изгледа полуксузно) Цветните аранжмани, но и уникатните садови за јадење се ситници кои не чинат мно...
3 идеи како практично да го уредите домот, според експерти за дизајн „Практичен ентериер е оној што може да го издржи секојдневниот живот. Не ба...

Најчитани неделава