Креативен дом: Прилепчанка што живее во Германија сама си изработува украси (фото)


Креативен дом: Прилепчанка што живее во Германија сама си изработува украси (фото)

Оваа 29-годишна девојка со помош на коноп, хартија, стари списанија си го направила домот уникатно катче.

kreativen-dom-prilepchanka-shto-zhivee-vo-germanija-sama-si-izrabotuva-ukrasi-foto-01.jpg

Стефани Брдар (29) од Прилеп, која моментално живее во Германија, е девојка со бујна фантазија и талент за изработка на украси и декорации.

kreativen-dom-prilepchanka-shto-zhivee-vo-germanija-sama-si-izrabotuva-ukrasi-foto-04.jpg

Таа од списанија, разгледници и други работи кои можеме да ги пронајдеме во својот дом изработува неверојатни дела.

„Прво започнав со собирање на разни А4 формат листови од списанија со тематика што ми се допаѓа и така го направив ѕидот во мојата соба, каде ги правам најубавите селфиња.

Потоа продолжив со правење на креативни елементи за во кујна, тоалет, тераса итн. Украсувам стари саксии со хартиени кеси, сама си ги бојадисувам масите и столчињата, а сега си правам и велигденски украси“, изјави Стефани за CRNOBELO.

kreativen-dom-prilepchanka-shto-zhivee-vo-germanija-sama-si-izrabotuva-ukrasi-foto-02.jpg

Стефани додава дека сака да ги инсприра и другите да се занимаваат со вакви кретивни работи, особено сега во периодот на самоизолација.

kreativen-dom-prilepchanka-shto-zhivee-vo-germanija-sama-si-izrabotuva-ukrasi-foto-05.jpg

Нејзино мото е: „Енергијата на креативниот ум е суштината на животот.“

Ѕирнете го нејзиниот креативен дом:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото докази дека и малата кујна може да ја уредите стилски и функционално Малите станови очекувано имаат и помали кујни, но не очајувајте дека не може да ...
Предмети од домот кои не треба да ги фрлате пред селење Многу луѓе преселувањето го користат како прилика да фрлат работи кои одамна не ...
Идеи за „ученички катчиња“ во собата на децата каде учењето ќе им оди полесно (фото) Зависно од тоа колку се големи децата и со каков простор располагате – уредете г...

Најчитани неделава