Љубителите на орхидеи имаат тесен круг на блиски луѓе – Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер?

Трудот којшто ќе го вложите при уредување на просторот за живеење може да открие некои од вашите добри или лоши квалитети.

5-detali-vo-ureduvanjeto-go-otkrivaat-karakterot-01.jpg

Уредувањето на домот може да биде многу забавно и интересно. Но, дали знаете дека деталите што сте ги избрале може да кажат многу работи за вашата личност?

Што вели кујната за вашиот карактер?

Количината и квалитетот на садовите и приборот за јадење го покажуваат вашето гостопримство. Исто така, откриваат дали сакате да јадете во друштво или сами на масата.

Луѓето кои го полнат фрижидерот со храна се обично весели луѓе, но и многу импулсивни. Од друга страна, уредно наредените кујнски полици покажуваат дека обожавате ред и организација.

Какво растение, таков сопственик

Домашните растенија што го красат домот исто така можат да откријат многу за нас. Така, љубителите на тропските растенија се сметаат за мирни и флексибилни луѓе.

Луѓето кои претпочитаат сукуленти, растенија кои не бараат многу грижа и вода, обично се независни, додека љубителите на орхидеи имаат тесен круг на блиски луѓе околу нив.

Аранжманот на мебелот открива каков домаќин сте

Кога примате гости во вашиот дом, тие веројатно ќе обрнат внимание на тоа како е распореден мебелот во дневната соба.

Ако уредувањето во однос на седењето дава чувство на удобност, вие сте социјална личност и љубител на забави.

Спалната соба и постелнината откриваат многу тајни

Наводно, бојата на постелнината може да го открие карактерот на луѓето.

Луѓето кои зрачат со позитивна енергија уживаат во црвените нијанси и дезени со линии. Од друга страна, луѓето полни со самодоверба избираат постелнина со животински принт. Постелнината со геометриски дезен открива нервозни луѓе.

Совршениот ред во спалната соба открива колку сте склони кон детално планирање. Ако натрупувате непотребни работи во собата, многу е веројатно дека сте емотивна душа која лесно се врзува за предмети.

Ако, пак, имате неколку електрични уреди во заедничката спална соба, тоа може да биде знак дека постои комуникациски јаз помеѓу вас и вашиот партнер.

Што открива редот, а што нередот во домот?

Ѕиден часовник, календар на бирото, неколку нотеси и организатори, посебни кутии за различни ситници, како и уредно наредените книги и уметнички предмети укажуваат на тоа дека се стремите кон добра организација.

Преполниот гардеробер натрупан со работи што не сте ги носеле долг временски период, укажува на тоа дека не сакате да раскрстите со минатото.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 луѓе кои открија дека реновирањето во домот не мора да биде мачење Многу луѓе велат дека реновирањето на домот е полошо од пожар или поплава - и не...
Луѓе кои си ги претвориле балконите во удобно катче за сончевите денови (фото) „Ако имате мал балкон, има 3 работи со кои за малку пари ќе го трансформирате – ...
10 луѓе кои со љубов си ги уредија становите во удобно катче од соништата, без помош од дизајнер „Само 23 квадрати се, но многу ми е удобно овде - има бања, а шпоретот е зад фри...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби. Пр...
Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...

Најчитани неделава