Детали во модерните домови што нашите баби и дедовци не би ги сфатиле


Детали во модерните домови што нашите баби и дедовци не би ги сфатиле

Животот на луѓето изгледал многу поразлично пред само 20-тина години, а многуте промени влијаеле и на изгледот на нашите домови.

detali-vo-modernite-domovi-shto-nashite-babi-i-dedovci-ne-bi-gi-sfatile-01.jpg

Не само што трендовите за уредување постојано се менуваат, туку и нашите потреби и секојдневни навики се драстично поразлични.

Поради ова, во нашите модерни домови има многу работи што постарите генерации не би ги сфатиле.

Во продолжение погледнете дел од нив:

Споени кујна и дневна соба

Сè почесто луѓето одбираат да ги спојат дневната и кујната во домот, за разлика од минатото кога овие простории најчесто беа одвоени.

detali-vo-modernite-domovi-shto-nashite-babi-i-dedovci-ne-bi-gi-sfatile-02.jpg

Домашна канцеларија

Работењето од дома стана популарно последната деценија, а особено дојде до израз за време на пандемијата. Поради ова, сè повеќе луѓе си имаат и домашна канцеларија – нешто што во минатото било особено ретко.

detali-vo-modernite-domovi-shto-nashite-babi-i-dedovci-ne-bi-gi-sfatile-03.jpg

Мал, максимално искористен простор

Бидејќи огромен број луѓе живеат во мали станови, особено во големите градишта, настојуваат максимално да го искористат просторот во домот. Нашите баби и дедовци најчесто живееле во куќи, па ова максималното искористување не им било неопходно.

detali-vo-modernite-domovi-shto-nashite-babi-i-dedovci-ne-bi-gi-sfatile-04.jpg

„Храбри“ бои во домот

Веројатно во детството вашиот дом имал само бели ѕидови. Всушност нашите баби и дедовци ретко експериментирале со бои во домот. Денес ѕидовите и вратите со темни нијанси се доста популарен тренд.

detali-vo-modernite-domovi-shto-nashite-babi-i-dedovci-ne-bi-gi-sfatile-05.jpg

Необични и лични украси низ домот

Можеби се сеќавате дека порано во скоро сите домови имаше слични украси и декорации. Денес секој сака да остави свој белег во домот, па луѓето неретко одбираат украси и декорации со необични форми, или инспирирани од она што го сакаат.

detali-vo-modernite-domovi-shto-nashite-babi-i-dedovci-ne-bi-gi-sfatile-06.jpg

Продолжени кабли

Денес тешко дека ќе најдете домаќинство без барем еден продолжен кабел. Во минатото, нашите баби и дедовци немале толку многу електронски уреди, па не ни имале потреба од продолжени кабли.

detali-vo-modernite-domovi-shto-nashite-babi-i-dedovci-ne-bi-gi-sfatile-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве убедат дека домот по реновирањето изгледа непрепознатливо Реновирањето на домот е долг и напорен процес. Потребни се добри идеи, план, ушт...
Многу украси на полиците и уште 8 работи во домот кој прават да изгледа старомодно Од тешки завеси со многу детали до мебел во сет, кои се најчестите грешки при ур...
Луѓе преку фотки откриваат: „Како домот си го претворив во мини рај?“ Kaко да ја заштитите терасата од љубопитните погледи на соседите? Како во дворот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg