Кај Магдалена дома: Уредувањето на ходникот ми е погодок, но подот во кујната ми е промашување (фото)

„Плакарот за палта во ходникот ни е и погодок, но и промашување. Погодок е во смисла на тоа што сите јакни и палта се скриени внатре и токму тоа и ни беше целта – да ги избегнеме класичните закачалки во ходник кои мене лично ми изгледаат неуредно, но промашување ни е бидејќи не собира многу закачалки и е малку тесно“, раскажува 31-годишната Магдалена од Скопје.

kaj-magdalena-doma-ureduvanjeto-na-hodnikot-mi-e-pogodok-no-podot-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-foto-01.jpg

Магдалена Костовска (31) е дипломиран преведувач, но и вљубеник во уредување на ентериерот. Нејзиниот стан во Скопје е уреден со многу внимание и љубов.

За CRNOBELO.com таа споделува искуства од уредувањето на нејзиниот дом:

„Иако не помина долго време откако се вселивме, речиси 3 години, сепак има одредени работи кои ако се вратиме наназад, би ги направиле малку поинаку. Би рекла дека сепак немаме многу промашувања. Секое делче е добро смислено пред да се реализира.

kaj-magdalena-doma-ureduvanjeto-na-hodnikot-mi-e-pogodok-no-podot-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-foto-02.jpg

Во однос на кујната, како промашување можам да го наведам тоа што шкафчињата не се до горе. И вака има простор, но така би имало повеќе, а кога станува збор за кујна, повеќе простор за складирање е секогаш добредојден.

kaj-magdalena-doma-ureduvanjeto-na-hodnikot-mi-e-pogodok-no-podot-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-foto-03.jpg

Плакарот за палта во ходникот ни е и погодок, и промашување. Погодок е во смисла на тоа што сите јакни и палта се скриени внатре и токму тоа и ни беше целта – да ги избегнеме класичните закачалки во ходник кои мене лично ми изгледаат неуредно и наместо тоа, сите палта, јакни и сл. да се средени внатре. Но промашување ни е бидејќи не собира многу закачалки и е малку тесно.

kaj-magdalena-doma-ureduvanjeto-na-hodnikot-mi-e-pogodok-no-podot-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-foto-07.jpg

kaj-magdalena-doma-ureduvanjeto-na-hodnikot-mi-e-pogodok-no-podot-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-foto-19.jpg

Би рекла дека погодок ни е целиот изглед на ходникот. Прво, тоа што го оставивме отворен, без да ставаме дополнителен ѕид или гипс-картон, овозможи станот да не изгуби од природната светлина, а сепак просторот визуелно да се подели. Вака изгледа како мала, посебна просторија во која сè си има своја функција.

kaj-magdalena-doma-ureduvanjeto-na-hodnikot-mi-e-pogodok-no-podot-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-foto-13.jpg

Уште еден погодок е тоа што немаме многу отворени полици. Знам дека потешко се одржуваат, повеќе фаќаат прашина и не се многу практични, па појдовме од тоа и многу работи ни се во затворени шкафчиња, освен неколку делови каде се разбира имаме декорации.

kaj-magdalena-doma-ureduvanjeto-na-hodnikot-mi-e-pogodok-no-podot-vo-kujnata-mi-e-promashuvanje-foto-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg