„Живеам во најмалиот стан во Њујорк од само 9m² - како функционирам?“

Како изгледа животот во стан од само 9m²? Дали ова навистина е најмалиот стан во Њујорк? Дечкото што живее во него споделува трикови за функционирање во мал простор...

dechko-zhivee-vo-eden-od-najmalite-stanovi-vo-njujork-ima-samo-9m-foto-01.jpg

Рон Ервин е комичар и актер од САД кој живее во еден од најмалите станови во Њујорк и тоа со вкупна површина од само 9m². Тој дури тврди дека станува збор за буквално најмалиот стан во Њујорк.

dechko-zhivee-vo-eden-od-najmalite-stanovi-vo-njujork-ima-samo-9m-foto-04.jpg

Месечната кирија му е 850 евра, а Ервин вели дека си има трикови како максимално да го искористи просторот.

Тој пред една година се доселил во Њујорк и поради високите кирии морал да научи како да се снаоѓа во ваков мал простор.

dechko-zhivee-vo-eden-od-najmalite-stanovi-vo-njujork-ima-samo-9m-foto-06.jpg

Во неговиот стан, односно во единствената соба, тој има мал фрижидер, кревет, плакарче со фиоки, ламба, метална конструкција за облека, како и плакарчиња за складирање на храна, козметика и средства.

Тоалетот е надвор од станот на Ервин и е заеднички со другите потстанари во објектот, но со оглед на тоа што нема други потстанари, Ервин вели дека е само за него.

dechko-zhivee-vo-eden-od-najmalite-stanovi-vo-njujork-ima-samo-9m-foto-03.jpg

Тој споделува неколку совети како полесно да функционирате ако живеете во мал простор:

- Не треба да поседувате многу работи или ако поседувате треба да се ослободите од нив и да ги оставите само најнеопходните.

- Мора сè да биде едноставно и постојано уредно, затоа што нередот во мал стан ситуацијата ја прави 10 пати полоша од што е.

dechko-zhivee-vo-eden-od-najmalite-stanovi-vo-njujork-ima-samo-9m-foto-09.jpg

- Главен трик за максимално користење на просторот е повеќенаменска употреба на работите и многу фиоки. Тој вели дека плакарчето со фиоки може да се користи и како работно биро.

- За складирање најдобро место е просторот под креветот, а и вертикално закачување, односно работи да висат од таванот или на ѕид.

dechko-zhivee-vo-eden-od-najmalite-stanovi-vo-njujork-ima-samo-9m-foto-05.jpg

- Вели дека мора да го адаптирате својот животен стил и да функционирате без работите кои ги немате во домот.

- Најдобар совет од сите кога живеете во мал стан, Ервин вели дека е да излегувате најмногу што можете, особено во градови како Њујорк каде сè е надвор и градот е совршено место за да ви биде „дневна соба“.

dechko-zhivee-vo-eden-od-najmalite-stanovi-vo-njujork-ima-samo-9m-foto-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази од уредување на дом на коj под итно му треба реновирање Непотребен празен простор помеѓу фрижидерот и елементите, различна боја и насока...
10 луѓе кои со љубов си ги уредија становите во удобно катче од соништата, без помош од дизајнер „Само 23 квадрати се, но многу ми е удобно овде - има бања, а шпоретот е зад фри...
5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото) Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со м...
6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕ...
Луѓе кои си ги претвориле балконите во удобно катче за сончевите денови (фото) „Ако имате мал балкон, има 3 работи со кои за малку пари ќе го трансформирате – ...
Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото) Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...

Најчитани неделава