Девојки тврдат дека ослабеле така што јадат повеќе – Зошто „реверзивната диета“ по која младите „полудеа“ не е безбедна?

Пореметување на хоромоните, несоница, нарушено варење на храната... Ова се само некои од последиците со кои девојките може да се соочат ако одлучат да го практикуваат популарниот режим на исхрана. Што знаеме за „реверзивната диета“ што вирално се шири на социјалните мрежи и е мошне популарна меѓу младите девојки. На што треба да внимавате ако сепак размислувате да го започнете овој тренд на исхрана?

devojki-tvrdat-deka-oslabele-taka-shto-jadat-povekje-dali-reverzivnata-dieta-e-bezbedna-01_copy.jpg

Иако на прв поглед „реверзивната диета“ изгледа безбедно, затоа што подразбира внесување повеќе калории од вообичаено, сепак се работи за мошне рестриктивен начин на исхрана, за кој стручните лица предупредуваат дека може да има сериозни последици по здравјето.

„Реверзивната диета“ е хит меѓу младите девојки на социјалните мрежи, но што мора да знаете пред да почнете да ја држите (ако потпаднете на трендот)?  

Тиктокерката Тајла Гомез (24) вели дека во јануари чувствувала дека има вишок килограми и била мошне тажна. Таа во тој период била на екстремно рестриктивна диета со внесување на само 1.250 калории дневно, но не можела да ослаби.

Како што вели, ѝ се чинело дека никогаш нема да влезе во тесните фармерки што неодамна ги купила.

devojki-tvrdat-deka-oslabele-taka-shto-jadat-povekje-dali-reverzivnata-dieta-e-bezbedna-03.jpg

Тајла размислувала да оди на липосукција или уште повеќе да го намали бројот на калории што го внесува, но наместо тоа, одлучила да ја проба диетата што вирално се шири на социјалните мрежи, а истата вклучува повеќе јадење.

„Се вика 'реверзивна диета'. Можете да загубите масно ткиво така што ќе го зголемите бројот на калории што го внесувате за метаболизмот повторно да проработи, откако долго време не сте внесувале доволно калории.

Сега јадам по 1.750 калории дневно, вежбам повеќе и конечно успеав да ги облечам фармерките“ – вели Тајла.

devojki-tvrdat-deka-oslabele-taka-shto-jadat-povekje-dali-reverzivnata-dieta-e-bezbedna-02.jpg

Освен Тајла, ваквата диета ја промовира и фитнес тренерот Џеси Ламб (25) од Тексас, а наводно, голем број девојки на социјалните мрежи тврдат дека благодарение на неа успеале да се ослободат од вишокот килограми.

devojki-tvrdat-deka-oslabele-taka-shto-jadat-povekje-dali-reverzivnata-dieta-e-bezbedna-04.jpg

Ваквата диета вклучува три фази: недоволно внесување калории, зголемено внесување калории и одржување.

Таа била популарна меѓу бодибилдерите на почетокот на 2000-тите години, а сега повторно е актуелна на социјалните мрежи. На ТикТок, видеата поврзани со овој начин на исхрана масовно се шират под хаштагот #reversedieting.

devojki-tvrdat-deka-oslabele-taka-shto-jadat-povekje-dali-reverzivnata-dieta-e-bezbedna-05.jpg

Според правилата на диетата, жените на возраст од 20 до 30 години, треба да консумираат помалку калории отколку што им е потребно, односно од 1.800 до 2.000 калории.

Периодот на „калориски дефицит“ треба да трае од 8 до 12 недели, по што следува период на постепено зголемување на калориите и тоа со додавање по 50 до 100 калории на дневниот број, секоја недела, во период од 2 месеци.

Ова е период кога можете повторно да почнете да консумирате чоколатца, пуканки, колачиња и житарки со шеќер.

Кога ќе стигнете до дневно внесување од 2.000 и 2.700 калории, а нема да забележите дека ви се зголемува телесната тежина, тогаш веќе сте дошле до фазата на одржување.

За време на диетата задолжително е вежбањето. Девојките што ја пробале диетата, паралелно почнале да вежбаат чучнувања, кревање тегови или да прават склекови.

devojki-tvrdat-deka-oslabele-taka-shto-jadat-povekje-dali-reverzivnata-dieta-e-bezbedna-06.jpg

Но, сепак голем дел од лекарите предупредуваат дека не постојат научни докази за ваквите диети и предупредуваат на последиците со коишто може да се соочите заради неа.

Особено треба да бидете внимателни затоа што периодот на внесување помалку калории од потребното е долг и околу 3 месеци ќе треба да се изгладнувате, а со тоа може да предизвикате голем број други здравствени проблеми.

Нутриционистот Аманда Едел во изјава за The New York Post вели:

„Помладите луѓе може да загубат килограми затоа што сѐ уште имаат брз метаболизам. Но, следењето на кој било начин на исхрана заради кој не внесувате доволно калории е стресно за самото тело затоа што се покачува нивото на кортизол, хормоните се во дисбаланс, имате проблеми со сонот, а варењето на храната е ужасно.

Потоа кога ќе почнете да внесувате повеќе калории, нивото на кортизол се намалува, спиете повеќе, хормоните се балансираат и можете да ослабите – но ова не дејствува кај секого“ – вели таа.

devojki-tvrdat-deka-oslabele-taka-shto-jadat-povekje-dali-reverzivnata-dieta-e-bezbedna-07.jpg

Според други, иако на почетокот може да ви се чини дека слабеете, со текот на времето зголемениот број на калории најверојатно ќе резултира со зголемен број килограми и може да очекувате нагло да се врати вишокот килограми од којшто мислите дека сте се ослободиле.

@jaceylynfit

The end has a freebie so you can learn how to do this yourself🫶🏼✨ #reversedietingforwomen #reversedietforwomen #howtoreversediet #reversedietingcoach #reversedietcoach #reversedietcoaching #nutritiontipsforwomen #metabolismboostingcoach #metabolismboostingtips #greenscreen

♬ Somewhere Only We Know Lofi - Xdx prod

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg