Овошни коктели кои согоруваат калории

Овие коктели се само неколку примери дека одлично искомбинираното овошје може да биде вкусно и здраво во едно. Одберете го оној коктел кој ви изгледа најнеодоливо и согорете неколку калории плус.

ovosni-kokteli-koi-sogoruvaat-kalorii-02

Ова се неколку идеи и вкусови кои може да ги пробате уште денес.

Цитрус коктел

1 портокал, 1 мандарина, ¼ лимон, малку нане

Излупете ги портокалот, мандарината и лимонот и исфрлете ги семките за да го избегнете горчливиот вкус. Сè заедно измешајте во блендер, постепено додавајќи го нането.

Коктел од јаболка и круша

Внимавајте крушата да биде сосема зрела, за да се елиминира киселоста на јаболкото.

Потребни се 2 јаболка и 1 круша. Извадете ја средината, исечкајте ги на коцки и измешајте ги низ блендер.

ovosni-kokteli-koi-sogoruvaat-kalorii-01

Коктел од лубеница

Пијалакот со интересна боја и разладувачко дејство е идеален за летните жештини. Не морате да ги вадите семките, доволно е само да ја исечкате лубеницата и да ја пуштите низ соковник.

По желба, додадете малку цимет или нане.

Коктел од праска

2 зрели праски, ½ шолја јагоди

Исчистете ги праските и јагодите и мешајте ги во блендер додека не добиете мазна смеса. Додадете некој сладок зачин по желба.

Коктелите се идеални за да ги консумирате наместо појадок или вечера, а може и да ги користите како антиоксиданси кои ќе го прочистат вашето тело од наталожените маснотии кои сте ги внеле.

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...
„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...

Најчитани неделава