Како да ја одржите диетата 80/20?

Кога се работи за исхраната, бидете мудри. Здравата прехрана не значи гладување - запамтете го тоа. Попрво искористете ги овие 5 златни правила на диетата 80/20, која е создадена за оние кои сакаат да уживаат во вкусот на храната, а воедно да го намалат вишокот.

kako-da-ja-odrzite-dietata-8020-01

Кога веќе се решавате да започнете со диета, добро размислете на каква исхрана се согласувате. Познатата 80/20 диета е една од најчесто користените од жените кои често пати запаѓаат во искушение по слатки колачи или неколку голтки газиран сок.

Еве како да избалансирате со желбите и намалувањето на килограмите:

1. Најлесен начин да ја спроведете диетата 80/20 е преку недела да се храните здраво и да внимавате на количините, а за време на викендот да се почестите со величествена гозба!

2. Цврсто одлучете што нема да јадете додека сте во 80-постотната фаза на здрава исхрана  и не си оставајте простор за изневерување. Сами донесете ја одлуката и останете и доследни, затоа што овој режим на исхрана функционира само ако се придржувате до подолгата и помакотрпна фаза.

3. Запаметете: Одлучивте да имате 20 проценти уживање, а не 200, па затоа не би требало да претерувате со количината. Не морате да изедете 3 чоколади и 10 топки сладолед. Сигурни сме дека едно парче чоколадна торта ќе ги задоволи вашите барања.

4. Испланирајте си ги неделните оброци. Тоа ќе ви помогне да останете доследни и да внесете само здрави намирници во вашиот ладилник. На лист хартија направете добро размислен план и истакнете го на некое видно место.

5. Кога се работи за храната, бидете мудри. Здравата прехрана не значи и гладување, па затоа кога ќе се храните здраво погрижете се вашата чинија да биде колоритна и полна со витамини и минерали. Тоа подразбира големо количество на овошје и зеленчук, бело месо и овесни житарки. Немојте да мислите дека ако 80 проценти од времето се прегладнувате, а 20 проценти се прејадувате ќе постигнете позитивен резултат.

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава