Испробајте: 3 дневна диета со јаболка за 3 килограми помалку


Испробајте: 3 дневна диета со јаболка за 3 килограми помалку

Јаболката ги има во изобилие, посебно во овој период, па затоа сега е идеално време за диетата која се базира токму на нив и нивните здравствени предности.

isprobajte-3-dnevna-dieta-so-jabolka-za-3-kilogrami-pomalku-01

Диетата со јаболка е една од најпознатите, токму заради краткотрајноста и резултатите кои ги дава. Затоа што јаболката имаат минимално количество калории, за време од 3 дена може да изгубите и до 3 килограми.

Калиумот и овошната киселина се супер тандем за согорување на калориите, подобрување на метаболизмот и регулирање на варењето. Гликозата пак која ја има во изобилие, го одржува шеќерот во крвта на правилното ниво.

Каков е планот за оваа диета со јаболка?

Првиот ден појадокот нека ви биде составен од интегрален леб со свежо кравјо сирење и три парчиња јаболка. За ужина изедете обичен кекс и едно јаболко, додека ручекот може да биде обилен. Подгответе си 140g риба, една јаболка, портокал и целер. Попладневната ужина се состои од 85g кравјо сирење и 1 јаболка, а за вечера подгответе две сендвичиња од ‘ржан леб со сирење.

Вториот ден започнете го денот со 30g овесна каша, 130ml млеко, лажица суво грозје и 1 јаболка, а за ужина може да изедете уште една. За ручек подгответе си една палачинка од млеко и јајца која ќе ја наполните со рендана јаболка. За попладневната ужина испијте 80g безмасен јогурт и исечкајте половина јаболка. Вечерата нека се состои од 40g ориз помешан со половина банана и 1 јаболка.

isprobajte-3-dnevna-dieta-so-jabolka-za-3-kilogrami-pomalku-02

Третиот ден започнете го со парче интегрален леб, 3 лажици кравјо сирење и јаболка, а за ужина нарендајте 1 јаболка во 140g јогурт и додадете малку лимон и цимет. За ручек почастете се со 80g печени пилешки гради и 1 јаболка, црвена пиперка и лимонов сок. Јаболката нека ви биде и попладневна ужина, а диетата завршете ја со свежа салата од 2 моркови, 1 јаболко, лажица суво грозје и 50g безмасно сирење.

Во текот на овие 3 дена не заборавајте да пиете по најмалку 1 литар вода. Ќе се зачудите колку полесно и поздраво ќе се чувствувате по само 72 часа.

Би можело да ве интересира:

Сонома диета – за гурмани и сите оние коишто не можат без вино Креатор на Сонома диетата е д-р Кони Гутерсен, диететичар и експерт за медитеран...
Есенска диета со која нема да гладувате, за пoмалку од 300 денари дневно Велат дека најдобро е за секоја жена да консумира околу 1.600 калории за да се и...
Есенска диета со која ќе изгубите 4 килограми за 7 дена Од есенските намирници може да се направи мени од кое можете да си обезбедите до...

Најчитани неделава