Што не треба да јадете ако сакате да ослабете?

Ако сакате да ослабете, за почеток мора да се збогувате со пресолената, слатката и пржена храна. Доколку сакате да се вовлечете во старите фармерки, ќе мора да престанете со консумирање на суво овошје.

isfrlete-gi-ovie-namirnici-od-ishranata-i-zboguvajte-se-so-masnite-naslagi-01

Еве уште на кои намирници треба да заборавите:

Бело брашно - Нема никаква хранлива вредност, а ја нарушува количината на шеќер во крвта. Наместо него, консумирајте житарици.

Овошен јогурт - Овошјето на дното од садот сигурно ќе ве залаже дека јадете здрав меѓу оброк. Меѓутоа, за да ги надоместат мастите, производителите додаваат повеќе шеќер. Попаметен избор е грчкиот јогурт во кој ќе додадете малку свежо овошје и мед.

Сушено овошје - И ова звучи како здрав меѓу оброк, но повеќе ви штети отколку што и користи на вашата линија. Сушеното овошје не содржи здрави ензими кои ги има само во свежото овошје, па затоа секогаш одбирајте сезонско овошје наместо смокви, кајсии и сливи со екстра шеќер и конзерванси.

Диетален газиран сок - Лименка газиран сок има околу 200 калории, па затоа често го земате оној ниско калоричното? Сепак, вештачките замени за шеќер ги има и во двата случаи. Добро би било целосно да се разделите од газираните пијалаци и алкохоли.

isfrlete-gi-ovie-namirnici-od-ishranata-i-zboguvajte-se-so-masnite-naslagi-02

Кофеин - Се прашувате зошто не можете да спиете, што е уште една препрека во борбата со вишок килограми? Можеби внесувате премногу кофеин. Затоа, стручните лица препорачуваат тотално да го исфрлите од исхраната. А, ако веќе морате наутро да испиете една шолја топло кафе, избегнувајте ги додатните калории кои се кријат во избелувачите, кремот и екстра шеќерот.

Грицки и переци - Переците и грицките со назнака здрави и диетални потполно избегнувајте ги. Прво, имаат огромна количина сол, а покрај тоа се изработени од бело брашно. Подобро испечете неколку пуканки со малку путер.

Преработено месо - Преработените месни производи имаат превисока концентрација на заситени масти. Наместо сланина и колбаси одберете риба, пилешко или чисто телешко месо.

Млечни производи - Можеби сте израснале со нив, но тоа не значи дека се претерано здрави. Наместо тетрапак млеко понекогаш консумирајте кокосово или бадемово млеко, а наместо кравји кашкавал земете неколку грама растителен.

Коктели - Коктелите се мали калориски бомби полни со бои и засладувачи. Ако веќе не можете да му одолеете на алкохолот, пијте вино.

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg