Течна диета - 5 пијалаци од кои слабеете брзо и ефикасно

Слабеењето пред лето е ноќна мора на секој човек кој бил мрзелив за време на зимата. Ако и вас деновиве ви се запали првиот аларм за вишок килограми, не се плашете.

tecna-dieta-5-pijalaci-od-koi-slabeete-brzo-i-efikasno-01

Знаеме, време е на кратките здолништа, шорцеви, кошули и тесни маички, но со изгладнување верувајте дека нема да ги облечете ниту за 5 месеци од сега.

Доволно е да јадете нормално, да се движите и да го одберете вашиот омилен пијалак кој ќе ви биде најверен пријател во идниве неколку месеци.

Зелен чај

Зелениот чај има огромен број на предности, помеѓу кои е и брзото губење на килограми. Една шолја во денот е доволна за вашето тело да прими антиоксиданси кои го чистат и ги топат вишокот масти. Покрај тоа, одличен е за опуштање по напорниот ден.

tecna-dieta-5-pijalaci-od-koi-slabeete-brzo-i-efikasno-02


Цедени сокови

Без оглед дали се овошни или зеленчукови, бирајте ги свежо цедени и без шеќер. Во најдобри плодови за ваков сок спаѓаат морковите и јаболката кои се полни со влакна и цитрусните овошја полни витамин Ц.

tecna-dieta-5-pijalaci-od-koi-slabeete-brzo-i-efikasno-2


Густи сокови од зеленчук

Кашестиот облик на зелка, брокула и карфиол е течноста која има благотворно дејство на вашата линија. Зависно од плодовите и антиоксидансите кои ги содржат, овие сокови се идеални за 24 часовна детоксикација на организмот.

tecna-dieta-5-pijalaci-od-koi-slabeete-brzo-i-efikasno-04


Сок од крушка

Лесен е за подготовка, а богат е со витамини и минерали. Содржи голема количина витамин Ц, а покрај тоа ја зголемува телесната енергија. Има ист ефект како и сокот од боровинки.

tecna-dieta-5-pijalaci-od-koi-slabeete-brzo-i-efikasno-05


Црно кафе

Кога се пие во умерени количини, од црното кафе може да имате голема корист. Содржи силни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од рак, дијабетес и срцеви заболувања, а покрај тоа содржи 0 калории.

tecna-dieta-5-pijalaci-od-koi-slabeete-brzo-i-efikasno-06

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...
„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...

Најчитани неделава