Што е попаметно да избегнувате: Леб или десерт?

Настојувањето да симнете неколку килограми бара и одредено одрекување, па така многумина се прашуваат од што е подобро да се откажат: од лебот или од десертот?

sto-treba-da-izbegnuvate-leb-ili-desert-01

Бројни стручњаци за исхрана советуваат дека ако сакате да ослабете за време на вечерата треба да направите избор помеѓу лебот и десертот.

Но, кој е правилниот избор за да ја намалите тежината?

На голема радост за повеќето, одговорот е јасен - секогаш е подобро да изберете десерт.

Иако изгледа како многу пострашна опција, со оглед на тоа што содржи шеќер, а со тоа и празни калории, сепак е подобар избор од тестото во лебот.

Според научниците, подобро е да се одлучите за десерт, а да го прескокнете лебот. Имено, повеќето луѓе се сладокусци и нема да бидат задоволни ако оброкот не го заокружат со десерт или ако воопшто не пробаат во текот на денот.

Ако го прескокнете десертот веројатно ќе се чувствувате незадоволно и нема да одолеете пред спиење да изедете барем пола кутија чоколадни колачи.

Во тој случај наеднаш ќе го надополните и лебот и десертот и џабе ќе ви биде измачувањето од целиот ден.

Но, кога веќе си дозволувате десерт, барем внимавајте да не претерате со калориите. Наместо парчето чоколадна торта со многу крем, изедете овошно парче пита или колач со темно чоколадо.

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg