Лесни начини за согорување на додатни 100 калории дневно

Ако моментално сте на диета и го подготвувате телото за на плажа, овие неколку лесни и кратки активности ќе ви бидат од голема помош.

lesni-nacini-za-sogoruvanje-na-dodatni-100-kalorii-dnevno-01.jpg

Од скокање до готвење, погледнете што се можете да направите денес за да согорите уште најмалку 100 калории:

1. Скокајте – Можеби ви звучи чудно, но ако потскокнувате додека ги симнувате скалите или додека си играте со некое детенце, ќе согорите најмалку 100 калории за 15 минути.

2. Чистете – Секој пат кога сте дома, исчистете по некој дел од собата. Само 10 минути бришење на прашина или пребришување со џогер може да ви помогне да согорите 100 калории.

3. Одете на куглање или билјард – За 30 минути забавна активност можете да согорите најмалку 200 калории. Секако, за време на ова дружење забранети се грицките и алкохолните пијалаци.

4. Гответе – Контрадикторно, но успева! Со готвењето и стоењето над шпоретот можете да согорите околу 100 калории.

5. Вртете хулахоп – Ова е можеби најинтересниот начин на кој можете да го намалите обемот на струкот и воедно да се вратите во детството.

6. Стојте – Наместо да седите, обидете се некои домашни обврски да ги правите од нога за да согорите уште најмалку 100 калории. Само 20 минути стоење на 1 час седење може да биде одличен начин за одржување на линијата на телото.

7. Јавете им се на пријателите – Со зборувањето на телефон согорувате калории дури и ако седите. Затоа, разговарајте со пријателите и семејството по неколку минути дневно за да согорите неколку калории плус.

lesni-nacini-za-sogoruvanje-na-dodatni-100-kalorii-dnevno-02.jpg

8. Шетајте – Наместо да одите на вечера со партнерот или пријателите – шетајте. За само неколку минути ќе согорите повеќе калории од очекуваното.

9. Средете го дворот – Ако работите во градината, ќе согорите над 100 калории за само 20тина минути.

10. Носете корпа во маркетот Наместо количка, одберете корпа. Носејќи ја согорувате 110 калории за половина час, што е речиси 40 калории повеќе отколку ако земете количка.

11. Дружете се со миленикот – Освен дневната прошетка, предизвикајте го да трчате заедни или да се борите додека некој не се предаде. Тоа е одличен начин да согорите калории, но и да ја одржите кондицијата на миленикот.

12. Користете ги скалите – Наместо со лифт, искачете се по скали. Додатно согорување на калории добивате за секоја прескокната скала. Затоа, добро размислете.

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg