Слабејте како Меган Фокс - Палео диета

Американската глумица Меган Фокс (28) открила дека по второто породување успеала брзо да ги симне килограмите со помош на Палео диетата.

megan-fox-so-paleo-dieta-do-idealna-figura-i-po-vtoroto-poroduvanje-01

Пет месеци откако го родила вториот син, Меган започнала со посебен режим на исхрана кој се базира на Палео диетата.

„Морав да го исфрлам лебот од исхраната и да се префрлам на протеинска диета, со ниско ниво на јаглени хидрати и шеќери“, открила Меган за магазинот „Е!“

Палео диетата се базира на свежо овошје и зеленчук и органско произведено месо.

Оваа диета претставува начин на исхрана  кој е практикуван пред 2,6 милиони години. Не се применува само една недела или нема одредена количина за појадок, ручек, вечера, туку само одредени состојки кои треба да ги јадете и други кои треба целосно да ги исфрлите од исхраната.

Планот на исхрана опфаќа внесување висококвалитетни животински протеини, здрави масти, зеленчук и овошје, риба, морски плодови, јајца, семки и апетисани, освен кикирики.

Производи кои треба да ги исфрлите од исхраната се глутенот, шеќерот, млечни производи, скроб, алкохол и преработена храна, кафе, чај и компири.

Докторите не ја препорачуваат многу заради целосното исфрлање на млечните производи од кои е потребен калциумот, но може барем значително да ги намалите.

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава