10 Начини да ги отстраните вишокот килограми по природен пат

Ако веќе подолго време одите од една на друга диета, но никако не ги постигнувате посакуваните резултати, тогаш пробајте ги овие 10 природни начини за отстранување на вишокот килограми.

10-nacini-da-go-otstranite-visokot-na-kilogrami-po-priroden-pat-1

Промената на исхраната е процес со кој тешко се справува секој организам, но со овие едноставни совети ќе ослабете успешно.

Отстранете ги килограмите брзо и едноставно:

1. Појадувајте

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ретко појадуваат се доведуваат до прејадување во текот на денот. Една чинија со житарки и сезонско овошје ќе ве држи сити до ручекот, па нема да имате потреба да посегнувате по дополнителна храна.

2. Збогатете ја храната со зачини

Зачинете ја храната со ѓумбир, цимет и бибер, бидејќи токму овие додатоци ќе го забрзаат вашиот метаболизам. Исто така, една лажичка сенф ќе го држи зајакне и забрза вашиот метаболизам до 3 часа.

3. Пијте вода

Препорачливо е 8 часа вода дневно, а до овој рецепт се држат особено луѓето кои успешно ослабеле. Водата го намалува апетитот, го забрзува варењето на храната и го хидратизира телото. Ако во водата додадете и некој витамин, тогаш бидете сигурни дека полесно ќе се прилагодите на сите промени во прераната.

4. Зелениот чај нека ви биде омилен

Содржи кофеин и антиоксиданси, а успешно го регулира и забрзува процесот во кој телото ги претвора маснотиите во енергија. Една чаша зелен чај после секој оброк ви гарантира брзо слабеење.

5. Ореви и семки во умерени количини

Масните киселини тешко се разградуваат во црниот дроб, но омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во рибите, оревите и семките, го хранат нашиот организам на здрав начин. Па така, ако почувствувате желба за ужина набавете си семки и ореви, кои ќе ви пружат вредна енергија.

6. Употребувајте спирулина

Промената на исхраната може да предизвика главоболки и тешкотии во стомакот, иако тие симптоми траат еден или два дена, спирулината или слатководната алга е преполна со високо вредни протеини. Доволно е само 3 грама дневно да додадете во вашето утринско смути или шејк.

7. Користете го пчелниот цветен прав

Црниот дроб е еден вид на фабрика во нашиот организам во кој се согоруваат мастите. Со помош на поленот можете да ја поттикнете работата на овој орган, со тоа што ќе го регенерирате токму преку пчелниот цветен прав.

8. Земајте калциум

Луѓето кои држат диета и консумираат калциум слабеат повеќе, за разлика од останатите. Калциумот земајте го во еднаква количина како и магнезиумот( до 100 милиграми дневно). На тој начин, ќе го смирите телото и ќе го подобрите квалитетот на сонот.

9. Не заборавајте на јаглика

Непријатните грчеви во стомакот ќе ги спречите со жолтата јаглика. Достапа е во капсули, а служи како додатокот во храната. Со помош на јагликата ќе го потиснете чувството на глад и ќе го поправите расположението, бидејќи го стимулира лачењето на хормонот на среќа.

10. Внесете вредни аминокиселини во телото

Посебно Л-глутамин! Оваа аминокиселина на многу начини ќе ја забрза секоја диета и ќе ја изгради формата на вашите мускули, секако доколку пазите на одржување на физичката форма.  Глутаминот е потполно природен и е потребен на нашето тело, а со него ќе слабеете бидејќи успешно ги согорува маснотиите.

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg