Диета со модри домати: За две недели ќе изгубите 8 килограми

Со помош на оваа диета со модри домати не само што ќе го зачувате здравјето, туку и брзо ќе го отстраните вишокот на килограми.

dieta-so-modri-domati-za-2-nedeli-izgubete-8-kilogrami-1

Заборавете на сѐ што досега сте пробале и наредните 2 недели држете се до оваа лесна и ефикасна диета.

Модриот домат е богат со калиум и содржи магнезиум, а освен тоа тој ја регулира и работата на срцето.

Во продолжение погледнете ја диетата:

Појадок:

Појадокот во текот на тие 2 недели е ист, односно се состои од салата со модри домати и домати. Еден голем модар домат исечкајте го на кругови, посолете по вкус и оставете го 10тина минути. Потоа, исечкајте го на коцки и ставете го во сад за салата, додајте ги парчињата домат и додајте 1dl сок од домати. Сето тоа зачинете го со 1 супена лажица маслиново масло, а како додаток напијте се кафе или зелен чај без шеќер.

Ручек:

Супа од модри домати: 1 или 2 модри домати исечкајте ги на ленти и испржете ги со путер. Потоа додајте неколку коцки целер, свежа пиперка и варете ги заедно неколку минути. Зеленчукот ставете го во зовриена вода и гответе уште 5 минути, а во однос на количината можете да консумирате колку што сакате од добиената супа.

dieta-so-modri-domati-za-2-nedeli-izgubete-8-kilogrami-2pg

Вечера:

Модри домати со зеленчук: Испечете го модриот домат во рерна и зачинете го со малку лук. Можете да изедете едно или две парчиња ржен леб, но не повеќе од 30gr. За крај напијте се една чаша јогурт или кисело млеко.

Бонус совет:

Модриот домат можете да го испечете и на скара и да го прелиете со сос од соја, или пак да го јадете со младо сирење. Секогаш можете да го консумирате со туна или пак по своја желба да го измешате со друг зеленчук.

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg