13 супер причини зошто да не држите диета

Наместо да си ја полните главата со реченици од типот „морам да ослабам,“ погледнете ги работите од поинаков агол.

13-super-pricini-zosto-da-ne-drzite-dieta_01.jpg

Потребна ви е барем 1 добра причина зошто да се откажете од диетата? Еве дури 13:

1. Грозно е кога сте гладни

Запрашајте сте дали сте гладни. Ако одговорот е да, каснете нешто. Чувството на глад ниту е пријатно, ниту е здраво. Слушајте го вашето тело и неговите сигнали, наместо да го следите распоредот закачен на фрижидерот.


2. Никој нема да сака да излезе на вечера со вас

Кога ќе излезете на вечера, не нарачувајте салата. Така личноста спроти вас сигурно ќе сака да ја прескокне вечерата, и покрај тоа што е гладна.


3. Палачинки со плазма и еурокрем.


4. Диетата е морничава конкурентска навика помеѓу жените

Дамите како да немаат доволно натпревари, па мора да ги пребројат и калориите кои ги внеле во текот на денот и да ја споредат бројката со бројките на пријтелките. Звучи морничаво? Да, морничаво е, затоа не запаѓајте во оваа замка.


5. Торта. Од темно чоколадо, со бадеми, лешници, овошје...

13-super-pricini-zosto-da-ne-drzite-dieta_02.jpg

6. Питата на баба.


7. Диетата нема да ви ги реши другите проблеми

Наместо да ги броите калориите, што велите за активност која ќе ви го подобри расположението? Затоа што, физички сте совршени онакви какви што сте, но секоја инвестиција во мозокот и духот е добредојдена.


8. Диетата ве прави да се чувствувате виновни

Кога храната ќе започнете да ја делите на добра и лоша, ќе се обвинувате себеси секој пат кога ќе посегнете по онаа лошата. Секако дека овошјето е многу подобро, но знаете што е многу повкусно? Вафла. И не, не е лоша, вафлата е само храна.


9. Поважно е да си го сакате телото, отколку истото да биде совршено

Не наседнувајте на евтини трикови. Кога го сакате своето тело какво што е, е многу подобро отколку да закопчате фармерки означени со ознака „S.“


10. Соочете се, диетите се здодевни.

13-super-pricini-zosto-da-ne-drzite-dieta_03.jpg

11. Да бидеме искрени, сите ги враќаат килограмите порано или подоцна

Диетите заради кои треба да се откажете од одредена храна се најголема замка. Диетата и здравиот живот се две потполно различни работи. Кога подобро ќе размислите, што се случува на денот кога ќе си речете „готово, диетата заврши!“ Се честите со чоколатце, чипс, торта... И така во круг.


12. Храната е вкусна, а животот краток.


13. Диетата е исцрпувачка

Сите мерења, грижи, броење на калориите и совршените колачи кои не смеете да ги допрете создаваат фрустрација која може да биде напорна и исцрпувачка за целото тело.

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg